By in Uncategorized
No comments
ФитКит инспирација: Ана Глигоровска од Битола

ФитКит инспирација: Ана Глигоровска од Битола

Самото одење во теретана е нејзина омилена активност, зашто чувството после завршен тренинг е незаменливо и се чувствува полна со енергија. A веќе некое време размислува да заплива и во водите на јогата. Запознајте ја Ана Глигоровска од Битола, ФитКит инспирација на неделата. 👋

Мотивацијата доаѓа после првиот пат кога ќе се посети теретаната. Кога прв пат почнав да вежбам се осеќав многу поенергично и среќно, па од тогаш натаму се радувам на секој изминат тренинг. Поентата е да се почне, а кога ќе се видат и осетат првите резултати тие ќе бидат најголемата мотивација за понатаму. Онлајн вежбањето ќе биде и понатаму тренд, но сепак според мене ништо не може да го замени одењето во теретана.

Ана ќе ја сретнеш во битолскиот She Ladies Fitness center, во облека со совршено искомбинирани бои и најчесто во положба за нејзината омилена вежба — squats.

Sophie (@gainsbybrains) е девојката што ѝ дава инспирација, а Titanium од David Guetta и Sia ѝ ја крева еуфоријата до плафон. 😎

ФитКит инспирација: Ана Глигоровска од Битола

Преферира да вежба сама, бидејќи смета дека така може повеќе да се концентрира на вежбите и да го даде својот максимум.

Сепак, паднемијата малку ѝ ја спласна мотивацијата. 😟

Многу потешко ми беше вежбањето од дома, бидејќи имав навика да одам во теретана, но се трудев да вежбам од дома колку што можам почесто. Сепак имав далеку помалку мотивација за разлика од тоа кога одев во теретана. Практикував да вежбам исто како во теретана, односно еден ден нозе, втор ден горен дел на тело, трет ден кардио вежби, а еден ден пешачење во природа. Најчесто пуштав музика за вежбање која ме мотивираше, а гледав и видеа со вежби кои исто така ме мотивираа. Од реквизити користев хулахоп, зглобни тегови и ластици за вежбање.

И покрај тоа, останува цврсто посветена на нејзината фитнес цел — Да го обликува телото и да биде фит!

Вежбам 4 пати во неделата и тоа секогаш во попладневните часови, после работа. На вежбање се задржувам околу 1 час. Покрај теретаната за време на викендите секогаш кога времето е убаво го поминувам во природа и пешачење. Бидејќи водам доста активен живот, најблиските најчесто ме прашуваат дали некогаш ќе го намалам брзиот начин на живот од петта во трета брзина. 😜

Back of guys, she is taken! 🥰

Партнерот исто така посетува теретана. Пред скоро време и двајцата одлучивме да пробаме вегетаријанство, па заедно повеќе се бодриме и поддржуваме.

ФитКит инспирација: Ана Глигоровска од Битола

За Ана, исхраната е најважниот дел од постигнувањето на саканите резултати. По вежбање, користи само протеини.

Инаку, не држи ригорозен режим на исхрана, само се труди да се храни здраво и да јаде разновидна исхрана. Дури си дозволува и cheat day еднаш во неделата. 😋

Зависна сум од благо, се трудам да јадам што помалку но не планирам да се откажам целосно. Инаку, сакам да станам вегетаријанец. Во последно време јадам месо можеби еднаш на две недели, па целта ми е целосно да се откажам од месото и рибата.

Кога не вежба, Ана најчесто чита книги и го користи секое слободно време за прошетки во природа.

Ладен туш и топол чај се нејзиниот најефективен лек за мамурлак. 🍹

Луѓето пребрзо се откажуваат од вежбање. Ништо не може да се случи преку ноќ! За секоја зацртана цел треба да се даде повеќе време, посветеност и труд. Би им препорачала на сите што се двоумат да почнат со физичка активност дека не се работи за тоа да бидеш подобар од некој друг, туку се работи за тоа да бидеш подобар од она што си бил предходно.

Ако ти се допадна приказната на нашата Ана, заследи ја на Инста @ana.gligorovska. Како туристички работник, нејзиниот профил изобилува од несекојдневни авантури. 😍


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *