By in Uncategorized
No comments
ФитКит инспирација: Александра Маринковски од Тетово

ФитКит инспирација: Александра Маринковски од Тетово

Фитнесот не заморува, туку релаксира, а најдобар сведок за тоа е Александра Маринковски од Тетово (нагалено — Ане), нашата ФитКит инспирација на неделата. 💪

Претходно сакав УБАВО да се поправам (на места кај што треба😂) и успеав во тоа, па сега да си го обликувам телото. Знам дека живеам квалитетен живот и изгледам убаво. Затоа сама себе сум своја најголема инспирација за вежбање!

Додека многумина се жалеа дека им е досадно да вежбаат во домашни услови, Ане вели дека вежбањето дома може да биде исто толку ефективно како и во теретана.

Убаво се чуствувам кога вежбам дома, а и после вежбањето. Најчесто вежбав со сопствена тежина, но користев шишиња полни со вода и ластици за отпор. 😁 Се трудев да го фатам секој мускул на телото за време на тренинзите. Колку што беше тоа возможно дома. 🤗 Затоа не барам изговори, туку секогаш наоѓам начин. Сите можеме и имаме време, само треба да се организираме.

ФитКит инспирација: Александра Маринковски од Тетово

Тајната на Ане да се остане фит за време на карантин?

Сакам да живеам квалитетен живот! Еден живот имаме и мораме да инвестираме во него. Со тоа се почитуваме себеси. 💪🏼 Почни да вежбаш лесни вежби, пушти си ја најдобрата музика и не гледај на времето. Тоа е единствено време поминато за себе и твоето здравје.

Онлајн тренинзите на ФитКит ѝ помогнале да ја одржи мотивацијата на највисоко ниво.

Имаше денови кога не ми се мрда, а не да вежбам (сите имаме). Па онлајн тренинзите ми помагаа за да станам од кревет. 😁 Убаво ми беше да видам дека и некој друг вежба на социјалните мрежи.

Од активниот фитнес живот што ги имала пред епидемијата работејќи како личен тренер во тетовскиот фитнес центар Body Perfection, вели дека најмногу ѝ недостигаат фитнес опремата и клиентите со кои што споделувала искуства за физичкиот живот, исхраната, а понекогаш и по некој трач. 🙄

Вежбањето во теретана останува омилена активност на Ане. Вежба по 3 до 4 пати во недела по час и половина, најчесто пилатес и вежби со тежина (едвај чека повторно да се врати на оваа рутина):

Обожавам да тренирам во теретана затоа што знам дека му правам добро на моето тело физички и психички. Пред се, таму сум релаксирана, вежбам без разлика на околностите, бидејќи знам дека повеќето се дојдени за активен живот. ФитКит може многу да помогне при вежбањето затоа што сите ние имаме денови кога имаме работа на друг дел од градот или во друг град и не е возможно да одиме во теретана тој ден, ама затоа е тука ФитКит — одиш во теретаната што ти е најблиску во тој момент и не губиш тренинг. 💪

ФитКит инспирација: Александра Маринковски од Тетово

Кога не вежба, Ане сака да се дружи со пријателите и да експериментира во кујна.

Не може да го исфрли благото од исхраната, па затоа решила да компензира готвејќи здрави десерти. 😂

Ако се препозна во приказната на нашата ФитКит инспирација, Ане, заследи ја на нејзиниот Инста профил @allek.sandra.

Таму ќе видиш фотографии од нејзината фитнес активност кои ти гарантираме дека ќе те инспирираат да вежбаш повеќе. 😎

P.S. Момци, stay away! She is taken! 🥰


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *