By in Uncategorized
No comments

Би сакале да Ви се заблагодариме што ни давате шанса. FitKit e нова македонска мобилна апликација и сме пресреќни што можеби ќе станеш дел од фамилијата вежбачи кои ги користат нашите услуги.

FitKit e мобилна апликација која овозможува користење на многу спортски и фитнес активности насекаде низ Скопје.

Превземи ја апликацијата овде.

Откако ќе ја инсталирате FitKit потребно е да го креирате Вашиот FitKit профил. Истото може да го направите со email или Facebook профилот.

FitKit e лесна и едноставна за користење. Може да изберете да купите кредити преку еден од трите понудени пакети и тие кредити да ги користите каде и кога ќе посакате во рок од 30 дена од купувањето.

На timeline-от се наоѓаат тренинзите, се што треба да направите пред да одите некаде да вежбате е да одберете време, место и активност која ви се допаѓа и да кликнете ”закажи тренинг”.

Апликацијата притоа генерира код кој ќе треба да го покажете при искористување. Генерираниот код ви е потврда за закажан тренинг и истиот треба да го покажете при искористување на тренингот.

Пријатно вежбање 🙂

Споделете ги вашите FitKit моменти на социјалните мрежи за да ги мотивирате колегите да ви се придружат, а доколку ви фали мотивација — ќе ја пронајдете ако не заследите на Facebook и Instagram

Доколку имате прашања, забелешки, пофалби, поплаки — на нашата Facebook страна и Instagram профил сме постојано достапни за комуникација, а истото може да го сторите и на овој e-mail.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *