By in Uncategorized
No comments

Драгана е основач на Фирс Фитнес — Кик-Фит клуб за жени. Фирс Фитнес се роди од потребата на група срамежливи девојки да имаат место каде што ќе може да го вадат вишокот енергија преку мавање во вреќа, а тоа да не биде во сала полна со тепачи и боксери 😊

На самите почетоци Драгана имала група од 10тина девојки и според фитнес потребите на секоја девојка склопила целокупна фитнес програма за жени.

Често нескромно знае да каже дека атмосферата на овие тренинзи е жестока! Таму го вадат најдоброто и најлошото од себе и веројатно првото нешто што ќе те навлече на овој тренинг е чувството како да си бил/а на добра психотерапија и се ти е рамно штом заврши тренингот.

Со редовност загарантирано добиваш топење на вишокот салце и дефинираните нови мускулчиња! А тоа е само плус од тоа што го добиваш како член на Фирс армијата 🥊

Кик-Фитот е комбинација на Кик Бокс движења во комбинација со вежби за затегнување на целото тело. Вежбите за затегнување се прават 50% од времето со сопствена тежина, 50% од времето со помошни реквизити како ластици, топки и тегови. Тренингот е соодветен за секој кој сака да намали вишок килограми и/ или да добие виток тонус на мускули. Со персоналните тренинзи следува и исхрана адаптирана на клиентот и неговата цел.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *