By in Uncategorized
No comments
ФитКит провајдер: Fierce Fitness (Скопје)

Место за исфрлање на целата негативна енергија и наталожениот стрес. Локација каде што со внимателно креирани тренинзи можеш да го обликуваш телото од соништата. Клуб со многу задоволни клиенти.

Токму ова веќе 6 години го нуди фитнес клубот Fierce Fitness од Скопје. 🙌

Како што и нивното мото вели: Put your troubles on the punching bag and knock the sh*t out of them, eве со кои дисциплини можеш да ја исфрлаш негативната енергија во Fierce Fitness:

✅ Функционален тренинг

✅ Кардио

Откако неколку месеци фунционираа со онлајн тренинзи и вежбање на отворено, студиото неодамна повторно ги отвори вратите за своите вежбачи. 💪

ФитКит провајдер: Fierce Fitness (Скопје)

Драгана Андреевска, тренер во Fierce Fitness објаснува која е сегашната процедура за вежбање во студиoто: 👇

  • Мерење температура на влез
  • Дезинфекција на раце и обувки
  • Задолжително носење маска во ходник и соблекувална
  • Вежбање со 40% од стандардниот капацитет на членови
  • Вежбање на растојание поголемо од 2м
  • Професионална вентилација цело време
  • Дезинфекција на цела сала и соблекувална после секоја група
  • По 15 минути пауза меѓу секоја група за дезинфекција на салата и соблекувалната после секоја група

Студиото на Fierce Fitness не остана имунo на бранот на затворањето на фитнес центрите поради пандемијата. 😷

Сепак, одлучија да ја преземат работата во свои раце и да им понудат на вежбачите онлајн часови преку YouTube, кои што беа полни со разбирање за ситуацијата. 🙏

Стравот дека нема да има толкава дисциплина и мотивација за редовно вежбање како што има кога се вежба во сала бил секако присутен, но посветениот тим на Fierce Fitness успешно се соочил со околностите.

Сала на отворено била една од алтернативите што нивните вежбачи со воодушевување ја прифатиле. 😍

ФитКит провајдер: Fierce Fitness (Скопје)

За сега доволно ново ни е се ова што го применивме. 😊 Ќе работиме под овие правила со што мислиме дека сме заштитени и ние како тренери, а и членовите кои вежбаат. Затоа, апелираме до вежбачите: СЕКОГАШ носете маски освен кога сте на вреќа!

Aко сакаш да бидеш дел од тимот на Fierce Fitness:

  • Посетете го студиото на булевар „Св.Климент Охридски” број 68 во Скопје
  • Следи ги на Инста: @fierce_fitness_skopje
  • Пиши им на Фејсбук: Fierce Fitness Skopje

It’s the perfect time to shake the stress away! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *