By in Uncategorized
No comments

Енергичната Драгана Младеновска од фитнес студиото Fit Life е еден од оние тренери што го вадат максимумот од ситуацијата.

Моментот кога стапи во сила препораката да се затворат фитнес центрите, таа веднаш ги пренесе своите тренинзи во онлајн просторот. 🙌

-На почетокот се прашував дали воопшто ќе функционира и дали луѓето би вежбале така од дома, но сега знам дека во ова време во кое се најдовме, ова ми бил најпаметен потег. Имаме повеќе од 100 активни вежбачи во трите online групи што говори за фактот дека вежбањето и на овој начин може да функционира одлично, вели Драгана.

Таа е позитивно изненадена што онлајн тренинзите покажале дека имаат повеќе предности отколку недостатоци.

-Предност е што може да вежба било кој и да се вежба од било каде. Среќна сум што имам луѓе кои се надвор од Македонија и кои и покрај сите можности кои ги имаат во земјата каде што се, сепак нѐ избраа нас, го избраа Fitlife за online вежбање.

FitLife workout Dragana

Сепак, и предизвиците се бројни.

-Предизвик ми е да го извадам најдоброто од моите вежбачи. Да успеам доволно да ги мотивирам да не се откажуваат и кога вежбата е тешка и напорна. Кога никој не ве гледа лесно е да правите изговори и да не се давате во целост. За моите вежбачи, најголем предизвик е галамата која понекогаш ја прават и стравот дека комшиите под нив ќе се лутат. 😎

Драгана ги користи предностите на ФитКит апликацијата за да ги отвори вратите на своите онлајн часови, а исто така може информации да се најдат на Facebook, Instagram, LinkedIn и нејзиниот вебсајт www.fitlife.com.mk. Тренингот се одвива преку Facebook live, затоа што оваа платформа се покажала како најпрактична за нејзе.

-Ги одржувам тренинзите со Facebook live во затворени групи. Едноставно и брзо ни е зошто имаме доста вежбачи, а и сме повеќе инструктори. Некако така почнавме па и ние и вежбачите се навикнавме и сега ни е одлично. Плус, видеото им стои уште 24 часа, па не мора да вежбаат во живо, ако некој не е во можност.

По нејзиното позитивни искуство од одржување онлајн тренинзи, Драгана со апел до нејзините колеги инструктори:

-Ако не пробаш нема да знаеш затоа што од сѐ може да се научи лекција! 💪

За да бидеш дел од онлајн тренинзите на FitLife и фитнес инструкторката Драгана која плени со својата енергија, посети го жолтото копче на FitLife и избери некоја од следните дисциплини: кардио пилатес, jога или пилатес за трудници.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *