By in Uncategorized
No comments

ФитКит инспирација: Евгенија Ризова од Скопје

Активна, незапирлива и супер кул, нашата следна ФитКит инспирација, 19-годишната Евгенија Ризова од Скопје (Евги) не дозволи пандемијата да и ја наруши фитнес рутината.

Затоа реши да возврати онака како што најдобро умее:

Ми беше многу лесно да се прилагодам на новите услови! Со оглед на тоа што имав многу повеќе слободно време, максимално се посветив на адаптирање на фитнес програмата. Кога некој веќе има стекната навика, мотивација речиси и да не е потребна. Едноставно, тоа е мојот животен стил и е очекувано да се менува со текот на времето (поради било какво влијание).

FitKit inspiracija Evgenija Skopje

Пред пандемијата, рутината на Евги се состоеше од 4–5 пати вежбање во неделата, најчесто претпладне. Комбо од Lifestyle и базен. Денес, таа е заменета со вежбање по дома со тег од 15кг, 2 тегчиња за нозе од по 3кг и ab wheel.

Единствениот начин е да се остане фокусиран на целта. Така, нема да дозволиме да се препуштиме на Netflix и пица, туку на здрава домашна подготвена храна и барем 1 тренинг дневно.

Сепак, таа смета дека онлајн вежбањето со тренер е одлична алтернатива за да се остане фит. 💪

Познавам многу луѓе кои претходно не биле физички активни, а токму поради овој нов начин на работа на фитнес тренерите се осмелија да започнат со вежбање. Не само што стана фитнес тренд, туку мотивираше и луѓе кои што никогаш претходно не биле фитнес активни.

Нејзината фитнес инспирација е Мишел Левин (@michelle_lewin), а Lose yourself е песната без кое не може да помине ниту едно вежбање. 😎

Иако често се шегувале со нејзе дека ако става толку тежина, ќе се набилда како маж, сепак тоа не ја демотивирало да се посвети кон остварување на истата:

Мојата фитнес цел е да качам мускулна маса и да си го обликувам телото. Едвај чекам да видам што сè може да излезе од него. Си се сакам себеси и целото време го поминувам во моето тело. Зарем не е доволна мотивација? Дечки, целиот живот ќе го поминете заглавени во тоа тело. Немавте можност да го изберете пред раѓање, ама имате можност да го обликувате сега! Развијте здрави навики, развијте дисциплина и пасија кон нешто вакво. Направете нешто за кое ќе си бидете благодарни сами на себе уште по неколку тренинзи. Нема поубаво чувство од болките во мускулите по завршен тренинг знаејќи дека растат. Почувствувајте го тоа! 😉

FitKit inspiracija Evgenija Rizovska

Кога не вежба, Евгенија е фокусирана максимално да го искористи своето слободно време со најблиските пред да замине на студии во Кина.

Со оглед на тоа што при крајот на август заминувам на студии во Кина, поголемиот дел од времето се трудев да го поминам со семејството. Вежбав секој ден (понекогаш и двапати дневно). Започнав со нови активности како јога и трчање на кеј (прекрасна замена за кардиото во теретана). Конечно ја средив навиката за спиење која ми беше нарушена поради многуте обврски кои ги имав пред карантинот. Барав нови здрави рецепти и си се предизвикував во кујна. 😆 И секако, како и поголемиот дел од популацијата, престанав да бројам колку серии изгледав. 😬

Ако приказната на нашата Евгенија те инспирираше на еден или друг начин, ѕирни ја на Инста @rizovaenn. Таму ќе најдеш многу фотографии од нејзините професионални фотосесии, ревии и патувања кои што нема да те остават рамнодушен/на. 😍


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *