By in Uncategorized
No comments

Уште од најрана возраст Еми е заљубена во практикување на спорт и нејзиниот ден не може да се замисли без активност. Почетоците се со пливање, но подоцна професионално се посветува на одбојката — спорт што ја има научено на континуитет, одговорност, чувство за тимска игра и меѓусебно помагање.

Во текот на спортските ангажмани таа почнува да ја открива нејзината нова пасија за работа со групни тренинзи. Среќна е што денес може да види голема бројка на луѓе кои што ги поттикнала со нејзината пасија за вежбање и што одржуваат добра психофизичка форма.

Еми верува дека секој може да си ги постигне своите цели доколку биде упорен и посветен. Нејзиниот тренинг и интензитет ќе биде адаптиран на твоите моментални можности и цели, притоа фокусот многу повеќе ќе биде на правилно изведување на вежбите.

Ќе имаш комбинација на вежби со кои ќе ги затегнеш мускулите, ќе ја подобриш флексибилноста и моториката, а притоа ќе ја зголемиш и физичката издржливост. Ќе добиеш една нова енергија и вежбањето ќе ти стане рутина и омилен дел од денот.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *