By in Uncategorized
No comments

Двократен шампион во олимписко дигање на тегови и апсолутен рекордер во snatch и clean & jerk. Fittest man in Macedonia за 2016 година. Сертифициран crossfit тренер со L1 лиценца.

Спортот е негова пасија уште од најрана возраст. Порано се занимавал рекреативно со групни спортови, а сега веќе 8 години активно вежба crossfit. Ако го прашаш него ќе ти каже дека нема подобра програма за вежбање од crossfit.

Тренинзите се секој ден различни и речиси никогаш не се повторуваат. CrossFit е програма лесно прилагодлива за сечиј физички капацитет, пол и возраст. Тоа е склоп од функционални вежби за кои се поребни два или повеќе зглобови. Овие тренизни не се според мускулна група, туку според десетте човечки физички карактеристики: агилност, издржливост, сила, моќност, координација, флексибилност, кондиција, прецизност, баланс и брзина.

Заедно со Жарко ќе имаш можност да вежбаш според персонализирана програма само за твоите потреби. Ќе добиеш целосен план и едукација за правилна и избалансирана исхрана која ќе ти користи и во иднина. Дел од програмата за crossfit вклучува и вежби за истегнување на телото кои ќе ти служат како превенција за повреди и подобро опоравување од тренинзите.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *