FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
Photo credits: Victor Freitas

Дали некогаш ти се случило да одиш да вежбаш, некоја справа да ти падне во очи ама појма немаш како да ја користиш? 🤔

Ако си помалку срамежлив/а ќе прашаш за помош некој од вежбачите околу.

Ако ангажираш личен тренер да вежба со тебе, не само што ќе научиш како правилно се користи справата, туку и максимално ќе ги осетиш придобивките од истата.

Дали и колку вреди да се плати за користење на личен тренер? 💲

Дали тоа е најдобрата фитнес одлука што можеш да ја донесеш? Или e просто фрлање на пари?

Во следниве неколку минути ќе го добиеш одговорот. 👇

Мартин Реџепагиќ на справа
https://www.instagram.com/redzepagic92/

Пред да преминеме на главното, Мартин Реџепагиќ објаснува како еден квалитетен личен тренер треба да изгледа и делува:

Да се биде добар личен тренер прво значи да се има добра комуникација со клиентот која е на прво место во задржување на истиот на долг план. Второ е важно да го научиш клиентот правилно да вежба и зошто така да вежба. И трето, ако имаш 10 клиенти во денот, истата енергија да ја добие и 10-от клиент како првиот.

Кои се предностите од ангажирање личен тренер?

✅ Пристап до стручно лице со големо искуство во фитнес индустријата кое ги има одговорите на голем број од прашањата што те “мачат”;

✅ Експертска проценка на твоите потреби за фитнес и врз основа на тоа креирање на персонализиран план за вежбање;

✅ Правилно изведување на вежбите со што се намалува ризикот од повреда;

✅ Постојана мотивација и следење на твојата физичка благосостојба;

✅ Ти помага да го дадеш максиумот од себе дури и кога сметаш дека не можеш;

✅ Подобри резултати за пократко време;

✅ Совети за исхрана што во комбинација со вежбањето ќе дадат топ резултати;

✅ Нов пријател.

Photo credits: @brucemars

Кои се негативните страни при ангажирање личен тренер?

⛔️ Плаќаш значителна сума пари за користење на услугите;

⛔️ Немаш гаранција колкава експертиза поседува твојот тренер и дали воопшто поседува сертификат;

⛔️ Може да добиеш вежби што не ти се по ќеф;

⛔️ Интензивни тренинзи дури и во денови кога те мрзи;

⛔️ Строго одредени термнини за вежбање што ќе треба да ги почитуваш.

Photo credits: @jonathanborba

Оваа листа е многу долга и индивидуална за секој вежбач.

За Мартин, еве кои се аргументите ЗА, а кои ПРОТИВ вежбање со личен тренер.

✅ ЗА: Имаш тренинг партнер кој ти помага и те мотивира, имаш константен надзор на движењето без разлика дали си почетник или напреден вежбач/атлета и добиваш програма персонализирана спроред твоите потреби, цели, лајфстајл.

❎ ПРОТИВ: Во денешно време е битно да бидете внимателни кого ќе го одберете за тренер бидејќи со растот на социјалните мрежи и популарноста на фитнесот се појавија многу луѓе кои постигнале некаков резултат или се веќе познати во друга професија и продаваат програми и персонален тренинг, а самите немаат доволно познавање или едукација за истото. Тоа носи до повреди или нефункционалност на долг план, спротивно од тоа што треба да го добиеш назад од тренингот.

Како да знаеш дали тебе ти треба ангажирање на личен тренер или не?

Мартин ни го дава одговорот: 👇

Една работа која може да доведе еден вежбач да дојде до заклучок дека му треба личен тренер е ако не може да се пронајде во стилот на тренинг, односно “скока” од програма во програма без да го доврши почнатото или едноставно не може да ја постигне посакуваната цел сам/а.

Без разлика која и да е твојата одлука по овој текст, со тренер или без, не престанувај да вежбаш зошто физичката активност е неразделив дел од здравјето. Се друго е минливо. 💪


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *