By in Uncategorized
No comments
Photo credits: NordWood Themes

Ако порано фитнес тренер сакал/a да ги соопшти своите идеи пред пошироката публика, морал/a да се појави на телевизија или радио или да напишe статија во весник. Денес, со интернетот и социјалните мрежи работите се многу поедноставни. 😊

Но, колку промовирањето на социјалните медиуми е доволно за да ја покажеш својата експертиза како тренер и да привлечеш нови клиенти?

Делумно. 😐

Ако сакаш да си ја зајакнеш репутацијата како експерт во фитнес индустријата, дефинитвно ти треба веб-страница каде што ќе можеш да го пренесеш твоето знење на уникатен и креативен начин специфичен само за тебе.💪

Photo credits: Markus Winkler

За кои теми можеш да пишуваш во твојот фитнес блог? 👇

  • Совети за исхрана и рецепти;
  • Совети за подобар сон и намалување на стресот;
  • Баланс помеѓу работата и животот;
  • Совети за подобри резултати од тренинг;
  • Најдобри практики за вежбање од дома;
  • Најчестите прашања што вежбачите ти ги поставуваат секојдневно.

Еве некои идеи како да започнеш со твој фитнес блог: 🚀

Избери веб платформа

WordPress, Squarespace, Wix се бесплатни платформи каде што лесно можеш да ја поставиш веб страницата за твојот бизнис. Ако планираш да пишуваш само блогови, отвори си профил на Medium. Моментално си таму :).

Одреди си ја целта

Ако пишуваш општи текстови што не се поврзани еден со друг, само ќе се вртиш во круг и нема да постигнеш ништо.

Што сакаш да постинеш со твојот блог? Кон кого се обраќаш? На кој начин сакаш да им помогнеш на читателите? Што е она што тие треба да го применуваат за подобри резултати? Исто како што поставуваш цели за твоите клиенти, треба да го сториш тоа и за твојот блог. 🎯

Photo credits: Marcos Paulo Prado

Избери си ја публиката

Ако веќе си јога тренер, тогаш темите во твојот блог треба да бидат поврзани со јогата и наменети кон јога практиканти. Иако е логички, немаш потреба да пишуваш колку трчањето може да ти го подобри срцето.

Избери уникатно име за блог

Ова е еден од најважните чекори. Доброто име на блог им кажува на читателите кој си, што правиш и која ти е експертизата. Можеш да го крстиш блогот со твоето име, дисциплината што ја тренираш во комбинација со некој кул термин и слично.

Одлучи кој ќе ти ги пишува текстовите

Дали ти ќе посветуваш неколку часа неделно за да пишуваш текстови или тоа ќе му го препуштиш на член од твојот тим? Или, пак ќе ангажираш искусен фриленсер да го направи тоа место тебе? 📝

Photo credits: Jazmin Quaynor

Развиј добра стратегија

Идентификувај ги темите што сакаат да ги прочитат твоите читатели и прашањата што ги мачат. Од овде ќе ти произлезат стотици идеи што можеш да ги обработуваш со текот на времето. 💪

Размисли и колку треба да биде долг секој блог. Во фитнес индустријата, читателите имаат краток праг на внимание, па гледај твоите блогови да се максимум до 700 збора.

Објавувај барем по 2 текста неделно и не заборавај да ги вклучиш и вежбачите (и спонзорите) да придонесат со по некој цитат за твоите текстови.

За крај, не заборавај дека успешен фитнес блогер, пред се, се фокусира да го реши проблемот на читателот и да им помогне во постигнување на нивната фитнес цел. Ако се чувствуваш спремен/а, веднаш фрлај се во акција! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *