FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
Photo credits: @cesar-galeao-1673528

Здравјето стана топ тема по појавата на КОВИД-19 вирусот. 2020 година беше период кога многумина кои никогаш не биле активни, почнаа да ја воведуваат физичката активност во своето секојдневние за да останат во добро здравје.

Голем дел од вежбачите што редовно ги гледаше во сала, мораа да се потпрат на технологијата за да продолжат со својата фитнес рутина и да останат активни. А како што стојат работите, 2021 ќе биде дежаву на претходната.😷

Пандемијата целосно ја трансформираше фитнес и велнес индустријата, a вежбачите полека го прифатија новиот начин на онлајн тренинзи.

Еве топ 5 трендови кои не смееш да ги игнорираш во 2021 година ако сакаш да бидеш успешен фитнес тренер и привлечеш нови клиенти: 👇

Photo credits: @karolina-grabowska
  1. Комбинирана понуда на вежбање — онлајн и во сала

За време на пандемијата, дел од фитнес центрите ги отворија своите врати за вежбачите, под строго утврдени здравствените протоколи. Голем дел од центрите понудија можност за комбиниран модел на вежбање — онлајн и во сала.

Воведувањето на онлајн часови дојде со бројни придобивки — фитнес студијата ги задржаа клиентите, но и добија голем број на вежбачи кои досега не биле во можност да вежбаат во тоа студио поради местото на живеење, домашните обврски, терминот или едноставно поради немањето желба да бидат во сала со повеќе луѓе.

Овој онлајн модел на вежбање се покажа како многу успешен. Некои студија дури и си ја зголемија работата во оваа 2020 година. Затоа, ако сакаш да си ги задржиш клиентите и да привлечеш нови, воведувањето на онлајн вежбање нека ти биде приоритет! 👌

2. Дигиталниот фитнес ќе продолжи да се развива

Дури и оние членови што доаѓаат во сала, ќе сакаат понекогаш да вежбат и онлајн. За да растеш и успееш како фитнес бизнис за време на пандемија, треба да си ја усовршиш твојата дигитална понуда и да разбереш дека треба да има хибридна понуда.

Тоа значи дека треба да воведеш едноставен начин како твоите вежбачи да ја имаат опцијата да дојдат во сала или со само неколку клика да се префрлат да вежбаат онлајн. ФитКит апликацијата ти го нуди токму оваа искуство.

Photo credits: @ketut-subiyanto

3. Ќе расте бројот на фитнес платформи и апликации

За време на карантин, многу вежбачи се свртеа кон фитнес апликациите и видео платформите за да не ја загубат својата фитнес рутина. Без разлика дали станува збор за медитација, пилатес или јога, употребата на фитнес и велнес апликации допрва ќе ја доживее својата експанзија.

Со таа намена ја креиравме FitKit Plus — фитнес апликација што нуди уникатни фит програми по пилатес, јога и функционални тренинзи.

Доколку си тренер или инструктор и сакаш да ни се придружиш со твоја фит програма слободно пиши ни.

Photo credits: @gustavo-fring

4. Вежбањето во група ќе ни се врати назад (макар и онлајн)

Иако се повеќе се нагласува потребата од онлајн часови, вежбањето во група во сала тешко дека ќе може да се замени. Како алтернатива, се воведе онлајн вежбање во група, каде вежбачите можат да се соберат онлајн и да вежбаат заедно во комфорот на својот дом.

Сепак, голема е веројатноста дека по масовното вакцинирање, вежбањето во големи групи повторно ќе биде дозволено. 🙏

Photo credits: @anete-lusina

5. Здравјето, фитнесот и велнесот ќе продолжат да се спојуваат

Пандемијата целосно ја промени насоката во која што се движеше фитнес и велнес идустријата, ставајќи го здравиот начин на живот на пиедестал.

Комбинацијата на здравата и избалансирана храна, вежбањето (онлајн и во сала) и посетата на спа центрите ќе продолжи да биде добитната комбинација за да се води активен и здрав живот. 💪

Технологијата и онлајн фитнес програмите ќе ја доживеат својата експанзија во 2021. Но, она од што ќе зависи твојот успех како тренер е позитивното искуство на твоите вежбачи, без разлика дали тоа ќе биде онлајн или во сала. Повеќе за тоа како да ги привлечеш и задржиш твоите членови, зборуваме овде.

Токму ова е целта кон која треба да се спремиш во 2021!

Ти стискаме палци! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *