By in Uncategorized
No comments
Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

ФитКит инспирација: Ина Стефановска од Скопје

Ретко се мотивира од екстерни работи (како изгледот), а движечка сила ѝ е доброто чувство за време на и после тренингот. Здравјето и енергијата кои се резултат на добриот начин на живот и вежбањето се незаменливи за нашата ФитКит инспирација на неделата, 22-годишната Ина Стефановска од Скопје (Инче), студент на Економскиот факултет. 😎

Најчесто ќе ја видиш како тренира во Synergy fitness & spa, каде вежба Deadlift — нејзината омилена вежба.

Сепак, вели дека бадминтон е најдоброто нешто што ѝ се има случено.

Бев мала и завршив во сала со рекет многу спонтано, но уште при првиот контакт со топчето имав чувство како да сум го освоила светот — тешко се опишува.🙃 Брзината на спортот (бадминтон е најбрз рекетен спорт во светот-493km/h) и неговата комплексност беа главна причина да се развие мојата љубопитност низ годините. Огромна улога има во развитокот на мојот карактер, ме научи да бидам борец и до крај да се борам за работите кои ги сакам во животот, ме научи да прифатам пораз, но никогаш да не прифаќам дека не можам подобро! 😌 Голема благодарност и до мојот тренер, Ратко, човекот кој бил тука и кога никој друг не бил.

Tеретаната ја користи за подобрување на перформансот на терен, затоа баш и не се замара како се облекува за време на вежбање, важно е само да носи шорцеви.

На сметка на тоа, се опседнува со музиката. 🎵 Периодов, на нејзината плејлиста ќе ја најдеш Pop Smoke-Enjoy Yourself ft. Karol G. на repeat.

Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

А еве како изгледа фитнес рутината на Ина:

Обожавам рано да станувам, бидејќи во тој период телото ми е преплавено со енергија, така што прво нешто што правам на сабајле е тренинг во теретана. Саат време поминувам таму со јасно дефинирани цели за денот. Во меѓувреме многу често одам да трчам, а навечер, моето време е резервирано за мојата омилена активност, интензивен бадминтон тренинг во сала.🤩 Ова е моја секојдневна рутина, со исклучок на викендот. Сметам дека многу важен дел од тренингот е и добар одмор, па токму затоа овие два дена ги користам за тоа(ама најчесто не можам да издржам да бидам неактивна и одам да трчам или планинарам😅).

Вели дека кризата со Ковид-19 не го разниша нејзиниот фитнес ритуал, туку напротив.

Мојот ритуал не може ништо да го разниша, освен повредата со којашто се вратив од последниот турнир баш пред кризата со вирусот. Тоа беше знак дека треба да успорам, да почнам да го вежбам моето трпение и да одморам од физичките активности за да можам да се вратам назад на терените што побрзо. Вирусот има и позитивна страна, го направи моето опоравување многу полесно, замислете да требаше седејќи да ги поминам сите тренинзи додека другите играат, нема поголема казна за мене!😫😅

Со оглед на тоа што била повредена, морала да исфрли вежби со тегови. Сепак, за време на вежбањето дома, главни другари ѝ биле resistance band, јаже за скокање и секако, рекетот.

Тајната на Ина да се остане фит за време на карантин? 👇

Голем број на луѓе излегоа од карантинот пофит од претходно. Иако беше еден огромен тест, сите ние имавме едно нешто што до сега сме го немале, доволно време да се посветиме на себе сѝ. Моментот на желба за себеподобрување е најбитен, ако не сакаш да бидеш подобар од вчера, не може ни најдобрата теретана во градот да ти помогне.

Од нејзиниот активен живот пред пандемијата, ова најмногу ѝ недостига:

Интернационалните турнири! Секоја искористена секунда и секоја капка пот на тренинг, секое влечење до дома после ужасно тежок тренинг, водат до тој момент кај што влегуваш на терен, се гасиш од сѐ останато и оставаш креацијата да го достигне своето највисоко ниво. За тоа тренирам и за тоа живеам!

Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

Наместо да гледате на вежбањето како казна, гледајте како една огромна награда, што вашето тело е здраво и способно, ви дозволува да правите работи што многу други не можат. Токму ФитКит содржи сѐ што му е потребно на еден човек да биде или стане физички активен, вели Ина.

Повеќето од луѓето се водат од надворешни фактори, приоритет им е да изгледаат подобро, послабо, а не да се чувствуваат подобро. Кога внесуваш малку љубов во тоа што го правиш, не пробуваш да добиваш енормно брзи резултати, почнуваш да уживаш во процесот и сето тоа раѓа плод. Ова важи за сите работи во животот. А да, и трпеливоста е сѐ! Сменете ја перспективата! Бидете благодарни за тоа, бидејќи на крајот од денот да бидеш здрав е најголемата привилегија! 💪

Ина не би исфрлила ништо од нејзината исхрана, само би намалила внес на продукти што смета дека не се од голема корист како на пример благото — нејзино guilty pleasure.😩

Без добра исхрана и хидратација, ниеден спортист не може да очекува надпросечни резултати, а кој го сака просечното?!🤷🏼‍♀️

Во слободно време сака да поминува долги релации до точакот, особено на потешко достапни планински места.

Во читањето книги наоѓа безрезервна инспирација, а кога сака да заборави на секојдневието — свири на гитара.

Ако те инспирираше приказната на нашата Ина, заследи го нејзиниот Инста профил (@inastefanovska). Ќе најдеш фотографии од една од нејзините животни желби — да оди секаде и да види сѐ!

P.S. Hey guys, she is single and happy!😜


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *