By in Uncategorized
No comments

Спринт

Брзото трчање е одличен начин да се подобри кардиоваскуларниот фитнес и да се зајакнат мускулите. Со само неколку кратки серии брзо трчање може да го зголемите интензитетот на вежбањето и да почнете да се потите. Застанете на лентата за трчање и обидете се издржите серии од 5 x 20 секунди брзо трчање помеѓу секоја серија вежби со кревање тежина што веќе ги правите. Истрчајте спринт 20 секунди, одморете се 60 секунди и повторете. (За безбедност, секогаш кога трчате брзо задолжително носете го прекинувачот за автоматско запирање.)

Склекови со скок

Оваа вежба е одлична за целото тело. Склековите со скок се комбинација од чучнување, чекор наназад, планк позиција, склек и на крајот скок. Оваа интензивна вежба помага за поголема координација и ги зајакнува речиси сите мускули во телото. Склековите со скок може да ги додадете на крај на вежбањето или измеѓу сериите вежби со кревање тежина. Поставете си предизвик да направите колку што е можно повеќе додека не изгубите целосно сила. Меѓутоа, ако е за вашето ниво на физичка спремност премногу напорно да вежбате додека не се преморите, може да додадете 4 серии од 15 склекови со скок, со кратка пауза меѓу сериите. Чучнете, поставете ги двете раце на под и скокнете со двете нозе наназад во планк позиција. Направете склек на тој начин што ќе се навалите со градниот кош кон подот, потоа скокнете нанапред со нозете и кога ќе дојдете во положба да застанете, додајте скок во место.

Прочитај уште неколку типови на високо интензивно вежбање и насоки за претпазливост и поголема ефикасност.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Прочитај повеќе од нас

Следи не’
Facebook 
Instagram
YouTube

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *