By in Uncategorized
No comments

Избери подобра храна

Кога ќе го почнете денот со вежбање голема е шансата во текот на денот и поздраво да се храните. Утрото е време кога луѓето посегаат по храна со многу шеќери, масти и јаглехидрати затоа што мислат дека овој вид храна ќе им помогне да се разбудат.

Зголемете ја енергијата со вежбање

Енергијата што природно ја добивате со вежбање може да ве спаси да не внесете многу непотребни калории. Голем дел од луѓето со коишто разговарам велат дека свесно претпочитаат и избираат свежа храна по вежбање. Кога вежбате наутро, пулсот и циркулацијата ви се зголемуваат, а со тоа добивате поголема ментална будност и станувате попозитивни.

Победете го сообраќајот

Ако до работа патувате во шпицот, добро би било да се зачлените во фитнес клуб во близина на вашата работа. На тој начин времето наутро ќе може да го користите поконструктивно. Излегувањето од дома порано за да вежбате наместо да седите и чекате во колона не само што ќе ви помогне да имате поубаво тело, туку и да си го подобрите расположението затоа што ќе имате психички придобивки и ќе се ослободувате од стресот. Ако не сте во можност да посетувате фитнес клуб, на работа може да одите порано, па да излезете да попешачите.

Знам дека во летните месеци е многу полесно да се приспособите на утринското вежбање затоа што надвор е светло и времето ве повикува да излезете. Признавам дека во зимските месеци искушението да останете во кревет уште еден час е многу поголемо — дури и за некој како мене што многу сака да вежба наутро. Затоа се обидувам да ве убедам да почнете уште сега со здрава утринска рутина. Ако си создадете навика да вежбате рано наутро во следните неколку недели, кога ќе дојде зима нема да сакате да се откажете.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *