FitKit Pixel

7 совети од Шон Т. што ќе те мотивираат да почнеш да вежбаш уште денеска.

By in Uncategorized
No comments

Ако некогаш си вежбал/а insanity тренинг на ДВД по дома, сигурно си слушнал/а за Шон Т – кралот на intensity тренинзите за деца и возрасни. 👑

Ако не ти текнува, еве видео за да се потсетиш:

Што е она што го прави Шон Т. дел од легендите кои ја обликуваат фитнес индустријата? 

Начинот на кој што се мотивира да вежба што се пренесува веќе со генерации! 💪

7 совети од Шон Т. што ќе те мотивираат да почнеш да вежбаш уште денеска

☑ Најди дисциплина што ја сакаш

Наједноставниот начин за да си го обликуваш телото од соништата е да ја пронајдеш дисциплината што ти одговара и толку често да ја практикуваш што ќе ти се претвори во навика. Дај си слобода да пробаш најразлични дисциплни и избери ја активноста што најмногу те исполнува. 👌

Ова не значи дека една дисциплина ќе ја вежбаш цел живот. Напротив, се се сведува на постојано експериментирање со активности. Најважно е да не се престане со пробување на нови нешта.

☑ Одговори на овие 2 прашања

❓ Пред да ја започнеш твојата фитнес програма запрашај се:

Запиши ги овие одговори на харија и стави ги на видно место. Деновите кога сакаш да се откажеш, погледни го тоа парче хартија и веднаш ќе ти стане јасно зошто си почнал/а со програмата. 💪

шон-т-финтес-легенда

☑ Направи листа на активности што сакаш да ги постигнеш секој ден

Секоја вечер направи список на работи што сакаш да ги постигнеш следниот ден, како на пример 1 час вежбање, пиење 8 чаши вода, спиење најмалку 7 часа и слично.

Следната вечер, помини низ списокот и види колку од задачите си ги комплетирал/а. Потоа, направи ја листата за наредниот ден. 📅

Освен што ќе го следиш твојот напредок секој ден, стави си и конкретен краен рок кога ќе ја постигнеш твојата фитнес цел. Ова ќе ти создаде позитивен притисок кој ќе те тера да вежбаш уште понапорно за да се докажеш сам/а на себе.

☑ Најди партнер за вежбање

Луѓето се секогаш помотивирани да вежбаат кога имаат придружба во теретана или дома. 

Најди партнер што е мотивиран да направи слична трансформација како тебе и постојано комуницирајте за вашиот напредок. Дури и може да се натпреварувате еден со друг за кој побрзо ќе ги постигне посакуваните резултати. 🏃

Најважно е тоа да е личност на која ѝ веруваш и не сакаш да ја разочараш со тоа што ќе останеш недоследен на твојата крајна цел.

☑ Придружи се на групно вежбање

Ако не можеш да најдеш соодветен партнер за вежбање, придружи се на вежбање во група. 

Групните тренинзи драстично ќе ти го подигнат нивото на енергија и ќе те мотивираат да го дадеш својот максимум. 🦹

☑ Вагата не е твојот најдобар пријател

Вагата не е најдобриот начин да го следиш твојот фитнес прогрес. Бројките на вагата ја претставуваат само твојата тежина, а тоа речиси и нема никаква врска со твоето вежбање.

📝 Овие 4 лесни техники најдобро ќе го покажат твојот фитнес прогрес: 

  • Секојдневно води фитнес дневник за тоа како се чувствуваш после тренинг;
  • Еднаш неделно фотографирај се во истата облека за да видиш дали има визуелна промена во начинот на кој што ти стои облеката;
  • Измери си ги деловите од телото со кројачко метро;
  • Пробај стара облека и спореди ја како ти стои за разлика од претходниот пат.
шон-т-финтес-легенда

☑ Биди трпелив/а и позитивен/а

Можеби нема да ги видиш резултатите веднаш, но трпението и позитивната мисла ќе ти помогнат да бидеш посветен/а на твојата секојдневна фитнес рутина и ќе те одржува на патот кон создавање здрав и активен животен стил. 🙏

Слушај мотивирачки подкасти, видеа со афирмации или песни кои те инспирираат да се фрлиш во акција. На овој начин, ќе имаш извори на позитивни мисли од сите страни.

За да дознаеш повеќе за Шон Т:

📸 Следи го на Инста: @shaunt

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Shaun T

🐦Следи го на Твитер: @ShaunT

🖱️ Посети го неговиот веб-сајт: https://shauntfitness.com/

шон-т-финтес-легенда

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,