By in Uncategorized
No comments

Под мотото “Let’s make it green”, Europe House и ФитКит организираат панел дискусија посветена на борбата против сивата економија во фитнес индустријата како дел од активностите по повод Европската недела на спортот.

Настанот ќе се одржи на 21 септември (понеделник) во Europe House во Скопје со почеток од 11 часот. Истиот е подржан од Делегацијата на Европската Унија.

Целта на оваа дискусија е сите учесници кои што имаат љубов за активниот живот, заедно со релевантните државни институции да создадат модел во кој што тренерите, фитнес центрите и студијата ќе имаат корист од тоа да го регистрираат својот бизнис, а не да го доживуваат како намалување на обемот на работа и загуба на профитот.

Затоа, секојдневните проблеми како резултат на сивата економија, потенцијалните решенија и стратегиите како да се охрабрат што повеќе луѓе и бизниси да станат “зелени”, се само дел од темите на кои што ќе дискутираат нашите панелисти Никола Боглев од Fitness & Spa Park, Здравко Сарамандов од Fitness club FIT и Елена Бубало од Ultimate Fit Alebras.

Панел дискусијата е наменета за сите луѓе кои што се дел од фитнес и велнес индустријата без разлика дали се персонални тренери и промотери на здрав и активен живот или сопственици на фитнес, спа центри и студија за вежбање.

-Иницијативата дојде од Europe House во Скопје, а идејата беше како одговор на прашањето “што се болните точки на фитнес и велнес индустријата во земјава и како да се придонесе до зголемување на стандардите и можностите”. Повеќе од јасно е дека луѓето се свесни за важноста да физичката активност и за истото секојдневно консумираат информации од медиумите и од фитнес инфлуенсерите. Но, кога зборуваме за подобри стандарди и подобра инфраструктура, тогаш зборуваме за добар систем, а тој систем оваа година се покажа дека е повеќе потребен од било кога — систем кој што нема да дозволува да се работи по произволни стандарди. Фитнес индустријата во земјава е голема економска гранка затоа што речиси и да не постои домаќинство во кое што нема член кој што е физички активен. Тоа значи дека вежбањето станува фиксен трошок во секоја фамилија, исто како струја, вода, телефон, итн. Во моментов, голем дел од тие пари воопшто не се регистрирани во економијата, а од тоа трпи и самата индустрија и оние кои се дел од неа, објаснува Јосиф Дамјанов, модератор на настанот.

Настанот е бесплатен, а ќе се одвива по принципот First come, first served. Доколку сакаш да бидеш дел од истиот, пријави се со пополнување на оваа форма.

Поради здравствените препораки, публиката ќе се органичи на 20 присутни. По исполнување на оваа бројка, формата за пријавување ќе биде затворена.

Мерење температура при влез, дезинфицирање на просторијата, седење на дистанца и задолжително носење маска се само дел од активностите кои што ќе помогнат оваа панел дискусија да биде не само поучна, туку и максимално безбедна за сите учесници.

И оваа година, преку низа активности, почнувајќи од 23 до 30 септември, Европската недела на спортот препознатлива по мотото #BeActive ќе има за цел да ги поттикне младите да спортуваат повеќе и да донесе свесност за тоа колку физичката активност е важна за секого, не само во европската недела на спорт, туку и во текот на целата година.

Останете во добро здравје, па се гледаме во Europe House!


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *