By in Uncategorized
No comments
Катерина Гудева вежба ФитКит

ФитКит инспирација: Катерина Гудева од Струмица

Болката е неизбежна, страдањето е опција! Ова е мотото на нашата ФитКит инспирација на неделата — Катерина Гудева од Струмица (нагалено — Карделен).

Како личност која што не трпи монотонија, за време на карантинот вежбала со онлајн ФитКит тренер, а утринската јога и трчањето биле нејзиниот спас од досадата по дома (и уште се). 💪

22-годишната студентка по медицина, вели дека се уште не може да одлучи дали повеќе го сака трчањето или тежинските тренинзи 🤷🏽‍♀️.

Сепак во едно е сигурна — најомилена вежба ѝ е biceps curls — тоа ја прави да се чувствува најбодибилдерски 😅.

Со трчањето ме запозна мојот омилен автор Харуки Мураками во неговата What I Talk About When I Talk About Running, од каде што и произлегува моето мото: Pain is inevitable, suffering is optional. Со него се научив на трпение, фокус, истрајност. Тежинските тренинзи ги обожавам бидејќи ми претставуваат одлична прилика да се натпреварувам самата со себе. Гледајќи го прогресот, добивам се поголема мотивација за понатамошен развој и успех. Она што ги поврзува овие две спротивности е потребата од дисциплина и константност.

Катерина Гудева ФитКит инспирација

Најголема мотивација и инспирација за Карделен е нејзината најдобра другарка Софи, која ја запознала со убавините во светот на фитнесот, а и секогаш ѝ ги дава најдобрите совети:

Она што ја прави посебна е тоа што Софи неуморно работи како на својот физички изглед, така и на својата личност и карактер. Таа е доказ дека големината на човекот се состои во неговата посветеност колку на своето тело толку и на својот дух. Таквата филозофија на фитнесот му дава многу поголема вредност. Ја обожавам!

Инаку, Софи е една од нашите најактивни ФитКит амбасадори. Таа организираше онлајн тренинзи во текот на целата пандемија. 💪

Очигледно нејзината најдобра другарка одлично влијаела врз тоа Карделен да остане во фит форма во текот на карантинските денови:

Тргнав со помислата дека како и се друго, и пандемијата ќе помине. Целата ситуација ја сфатив како предизвик кој ме тераше да бидам креативна во изнаоѓање начини да останам физички активна, без сите комодитети кои ги нуди фитнес центарот. Тоа беше тест за мојата упорност да водам пред се здрав живот, а и да бидам фит. Да го одржам тој mindset ми беше голема мотивација.

Пред пандемијата, Карделен најчесто можеше да ја забележиш во MyGym во скопско Капиштец и Arena Fitness во Струмица или како игра тенис со дечко ѝ на тениските терени зад City Mall и ужива во секој победен гем.

Еве како изгледаше нејзината фитнес рутина:

Најчесто вежбам четири пати неделно по околу еден или еден и половина час. Тајмингот на тренингот секогаш ми зависи од активностите на факултет, но скоро никогаш не вежбам во попладневните и вечерни часови. Најмногу сакам денот да ми почнува со вежбање, и секогаш се стремам кон тоа. За време на викендите, ги обожавам тениските мечеви со Филип кои знаат да траат и по неколку часа. Воедно, за време на пролетните и летните месеци се трудам, покрај фитнесот, да воведам и трчање.

И покрај тоа што Ковид-19 ѝ ги разниша навиките за вежбање, таа цврсто останува посветена на својата фитнес цел. Ова е нејзината препорака:

Нема поубаво чувство, од онаа после добар тренинг.😍 Пружете му љубов на своето тело, имате само едно. Ако не мислите дека е така, дојдете на тренинг со мене и уверете се. 😏

Фокусирана на резултатите, Кате признава дека не обраќа баш многу внимание на облеката за вежбање, особено кога е испитна сесија или колоквиумска недела кога доаѓа да вежба со XL маица со реклама на неа и хеланки со боја која на ништо не одговара. No judging! 🙄

Таа знае колку исхраната е најважна кога вежбаш, но чоколадото и млечните производи се нејзина слаба страна.

Никогаш не сум ги поддржувала луѓето кои држат строги диететски режими, не затоа што сакаат, туку затоа што мислат дека мораат. Едно парче од колачот на мајка ми нема “да ми се фати за стомахот”. 🤷🏽‍♀️

Ако ти изнуди насмевка приказната на нашата нова ФитКит инспирација, ова е нејзиниот инста профил @kardelen.g каде што ќе можеш да дознаеш повеќе за секојдневните авантури на Катерина и нејзините омилени луѓе.

Stay tuned! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *