FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
https://www.facebook.com/MarioFitnet

Ако редовно вежбаш, но се уште не можеш да забележиш видливи резултати, можеби е време да се преиспиташ зошто е тоа така? 🤔

Дали некаде грешиш при фитнес рутината, или, пак не си ги мериш резултатите соодветно?

Можеби си само нестрплив/а и сакаш да постигнеш резултати преку ноќ?

Телото не фунционира така. 🤦‍♂️

Марио Јовановски кој работи како личен тренер ни објаснува од што најчесто зависат видливите резултати од вежбањето:

  1. Исхраната 🍝

Kоја и да е нашата цел, храната МОРА да ни биде во склад со истата. Секако, подобро е да сме активни отколку да не сме воопшто дури и во случај да не следиме никаков план за исхрана, но за да го оптимизираме процесот кон достигнување на тоа што го имаме поставено како цел, без соодветен план на исхрана е речиси невозможно. Секако, ќе забележиме каков-таков прогрес, особено ако сте почетници, но таа “почетничка предност” има краток рок и сето тоа понатаму ќе биде некаков минимален прогрес — ова важи особено за оние кои сакаат да намалат телесна тежина.

2.Соодветен тренинг 🏊

Фреквенција, интензитет, времетраење, опоравување, волумен — сите овие варијабили не смеат да се занемарат кога се спомнува и тренирањето како дел од сложувалката при градење на идеален физички изглед и перформанс. Како почетник, резултатите доаѓаат брзо во првите 6–12 месеци, што би значело дека и да не обрнете многу внимание на овие варијабили погоре, ќе видите прогрес. Но, како што напоменав и погоре, “почетничката предност” има краток рок. Доколку сакате да ги однесете на ниво погоре вашите перформанси и физички изглед, следењето на соодветна тренинг програма за вас is a must.

https://www.facebook.com/MarioFitnet

Еве колку време е потребно за да видиш резултати во следниве области:

☑️ Подобра работа на срцето (4–5 месеци)

Колку што вежбаш повеќе, така твоето срце поинтензивно ќе пумпа крв за разлика од претходно. За околу 4–5 месеци ќе ти се зголеми на протокот на крв, со што ќе го намалиш и ризикот од развој на болести на срцето и дијабетис тип 2. 💓

☑️ Намален крвен притисок (неколку седмици)

Ако имаш висок крвен притисок, редовна физичка активност може да ти помогне да го намалиш систолниот и дијастолниот крвен притисок за околу 6–7 mmHg. Оваa бројка можеби ти изгледа незначително, но дури и мало намалување на крвниот притисок го намалува и ризикот од мозочен удар. 🧠

☑️ Обликување на мускулите (3–6 месеци)

Доколку редовно вежбаш, првите физички резултати ќе ги забележиш во рок од 3–6 месеци, во зависност од интензитетот на вежбите и тежината што ја користиш при тренинг. Во овој период, ќе забележиш од 25% до 100% подобрување на твојата мускулна кондиција. 💪

☑️ Слабеење (3–4 месеци)

За ефикасно слабеење ти е потребен минимум еден час физичка активност дневно. На овој начин, за еден месец може да симнеш до 4 килограми. Годишно, би можел/а да симнеш до 48 килограми.

Првите вистински резултати од слабеењето ќе ги видиш дури по 3–4 месеци. Ти делува долго? Сите сакаат да слабеат брзо, но тоа не е добро за телото. Експресното слабеење е шок за човековото тело и гаранција дека брзо ќе ги вратиш киограмите. Затоа, слабеење по најмногу 1 килограм неделно е сосема доволно. ✔️

☑️ Подобро ментално здравје (10 минути)

Освен врз физичкото, вежбањето има големи придобивки и врз менталното здравје. Позитивните ефекти ќе почнеш да ги забележуваш уште по првите 10 минути од тренингот. 😇

https://www.facebook.com/MarioFitnet

За побрзо да добиеш видливи резултати и дефинирани мускули, Марио објаснува кои насоки треба да ги следиш. ⬇️

Истрајност 🎯

Секој може да практикува одреден режим на исхрана и да тренира 7 дена во неделата. Но, за жал резултатите не доаѓаат за толку краток период. Кризи, губење на мотивација, искушенија се само дел од работите кои ќе ги искусиме на патот кон тоа што сакаме да го постигнеме. Некогаш и ќе сакаме целосно да се откажеме, особено ако поставиме грешни и нереални цели. Дури и по некоја грешка направена, и после пауза од било каква причина, важно е истрајно да продолжиме напред, без разлика на се. Само оние кои се истрајни, ги гледаат резултатите за кои другите ги нарекуваат невозможни.

Самодисциплина 😇

Без самодисциплина, речиси ништо не е достижно. Секако, може да ангажирате персонален тренер кој ќе ве чека во одреден час и ден од неделата за да тренирате заедно, да ви каже што, колку и кога да јадете, но на крајот на денот — доколку самите не се дисциплинирате доволно и немате доволно силни причини и цели кои ќе ви бидат утврдени однапред, резултатите секогаш ќе ви бидат далеку од дофат. Вистинската промена секогаш почнува одвнатре, така што работата на себе е многу поважна отколку сите останати техникалии — надворешниот изглед е само рефлексија на тоа што се одвива внатре во нас.

За крај, најважно е да уживаш во физичката активност што ќе ја избереш. Размислувај за вежбањето не само како начин за да “влезеш” во омилените фармерки, туку како долгорочен партнер за здравје и виталност.

Само на овој начин резултатите што ќе ги постигнеш денес ќе вродат со плод и во иднина. 😊


ФитКит лого апликација вежбање

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *