By in Uncategorized
No comments
Кратко ама слатко FitKit Plus програма на Наташа Спасовска

По професија е дизајнер за внатрешно уредување, но не може да замисли ден без вежбање.

За неа, спортот е забава и секогаш треба да се вежба за подобрување на своето здравје, а не за да се пофалиме како изгледаме пред другите.

Запознај ја Наташа Спасовска, нашата ФитКит Плус инструкторка што ја води програмата Кратко ама слатко. 👋

Тренинзите траат по 25 минути, а програмата е иделна за вежбачи од 16 до 50 години.

Самото име кажува дека тренингот е краток, ама сладок. Програмата нема да ви одземе време зошто тренинзите траат по 25 минути максимум, а ќе ве испотат убаво. Денес сите сме кратки со време и поради тоа оваа програма е идеална за сите вас. Часовите нема да ви одземаат време, а ќе направат да се чувствувате одлично!

Кратко ама слатко FitKit Plus програма на Наташа Спасовска

Кратко ама слатко тренингот изгледа вака:

✅ 5 минути вежби за загревање;

✅ 5 вежби по 30 секунди што се повторуваат во 3 серии;

✅ 5 минути истегнување на крај.

Кондиција и издржливост се само од дел од придобивките што ќе ги почувствуваш од овие тренинзи.

Наташа ти гарантира дека резултати ќе видиш многу бргу, но само ако не се откажуваш и редовно ги гледаш тренинзите. 🙏

Кратко ама слатко FitKit Plus програма на Наташа Спасовска

Колку и да си полн/а со обврски, секогаш можеш да одвоиш 25 минути за себе и своето здравје.

А за сите оние кои што се уште се двоумат да почнат или продолжат со вежбање од дома, Наташа им ја испраќа следнава порака:

Сите ние сме научени да вежбаме надвор или во сала или во теретана. Меѓутоа, се во животот е навика. За секоја навика има и одвика. Вежбањето дома, поготово за мајки е идеално зошто не губиме време во превоз. Вежбаме, завршува тренингот, се тушираме и сме спремни за денот.

За да дознаеш повеќе за Наташа: 👩

📸 Следи ја на Инста — @natashaspasowska

👍 Пиши ѝ на Фејсбук — Natasa Spasovska

Кратко ама слатко FitKit Plus програма на Наташа Спасовска

👉За да ја пробаш Кратко ама слатко програмата, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Почитувај си го телото, за да те почитува и тоа. Исто како и со луѓето. Ако не се почитуваме себеси, нема никој да не почитува! Изгледот не е толку битен. Побитна е душата! Вежбаме за себе, а не за другите! Вежбаме за здравје, а не за изглед! 🙏


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *