By in Uncategorized
No comments

Сите сме дома и на сите ни недостигаат вежбалните. Но, најверојатно треба да го прифатиме фактот дека “нормалното вежбање” ќе ни недостига уште некое време. Во ред е и да си се пожалиме. Што можеш да направиш за да си помогнеш и како можеме ние како ФитКит да ти помогнеме?

Отсега, покрај можноста за закупување на online часови, ти нудиме можност и за online часови со личен тренер за затворена група на корисници. Супер можност за bonding помеѓу колеги, семејство или другари, и шанса за нови пријателства и едно сосема ново искуство и рекреација од дома. Опциите се бесконечни.

Можеш да пробаш:

  • Вежбање со конкретен фитнес инструктор/ка
  • Power или класична јога
  • Пилатес и аеробик
  • Корективни вежби и вежби за исправување на грб и половина
  • Функционален фитнес и crossfit
  • Класичен фитнес во домашни услови итн.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Одберете активност или инструктор/ка која ве интересира.
  3. Кажете ни кое време ви одговара најмногу.
  4. Пријавете се овде.
  5. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

Моментално ова е листата на тренери со кои би имал/а можност и привилегија да вежбаш:

Тренинзите, во зависнот од активноста, би се одржувале 2–4 пати неделно, во период од 1 месец. Минимален број на вежбачи е 5. Сите купувате по 30 кредити и ги користите во тековниот месец за онлајн сесиите со вашиот личен тренер.

Натерај некој да стане од кауч, а ние ти ветуваме мнoгу согорени калории!

Остани здрав и фит!


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *