By in Uncategorized
No comments
ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Се чини дека јогата станува се повеќе и повеќе популарна во Македонија. Таа е единствена практика која е комбинација на вежби за умот и за телото.

Yoga with Martina e уште еден доказ дека физичките активности надополнети со ментални, се одличен начин да постигнеш мир и хармонија. 🙏

Веќе една година, Yoga with Martina е познато по тоа што организира часови по јога за бремени жени. Без разлика дали вежбаaт во студио или онлајн, задоволни клиенти кои искусиле придобивки од јогата ги има безброј.

Најважно е да го слушате вашето тело при практикувањето јога, вели Мартина Димитров, јога инструктор, објаснувајќи ја сегашната процедура за вежбање во студиото: 👇

  • Веднаш при влез, вежбачите имат дезинфекционо средство за дезинфекција.
  • Во самиот ходник си ги оставаат обувките, а опремата си ја носат од дома.
  • Во студиото не се користат дополнителни реквизити за вежбање, бидејќи вежбите се прилагодени да можат да се вежбат само на подлогата за вежбање.
  • Бројот на вежбачите е ограничен и има доволно простор за сите да се оддалечени.
ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Ова е уште една приказна на активност што успешно се прилагоди на ситуацијата уште на почетокот од пандемијата, понудувајќи им онлајн часови на своите ученици. 💪

Бидејќи држам часови за трудници, поголем дел не работат и сакаа да се раздвижат со јогата, но и самите веднаш побара онлајн часови. За кратко се навикнавме да вежбаме онлајн. Користам и Фејсбук група, за да можат вежбачите да вежбат и во друг термин, со тоа што квалитетот на видеото е добар. Се трудам се да им објаснам полека со варијација на положба за да бидат прилагодливи за сите трудници. Повелете линк од еден час https://www.youtube.com/watch?v=VF5Mfw8oZ9k. 😎

Потребата за итна дигитализација, го разниша светот на Мартина, но таа го извлече најдоброто од ситуацијата.

Искрено не сум по социјални мрежи, немав ни мој личен профил на Facebook. Беше потребно за мене целосно да го сменам ставот кон социјалните мрежи, бидејќи живееме во дигитален свет. Бидејќи претходно не бев активна на социjалните мрежи бев свесна дека за се си е потребно време, а искрено и сакам тоа што го нудам да биде квалитетно и прегледно. Затоа и веднаш се запишав на академија за UX/UI дизајн. 🙌

ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Ако сакаш да вежбаш јога со Мартина:

  • Посети го PURE студиото каде што ги држи часовите на улица „Коста Новаковиќ” број 46 во Скопје
  • Следи ја на Инста: @yogawithmartinaa
  • Пиши и на Фејсбук: Yoga with Martina

Активностите се потребни во овој период. Работам со бремени жени кои го патуваат прекрасниот период од нивниот живот, потребно им е опуштање, релаксирање и нежно раздвижување, за подобро да се запознаат со нивните внатрешни и надворешни промени. Во студиото потребните мерките се запазени затоа сите заинтересирани слободно можат да се приклучат во малите групи за вежбање и еден час да си посветат на себе кој навистина многу ќе им значи.

Namaste! 🙏


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *