By in Uncategorized
No comments
ФитКит провајдер: Кик Бокс и Маи Таи Клуб Titan Pro Скопје

Последниов период, пандемијата ни покажа дека треба да посветуваме повеќе внимание на активниот живот и исфрлање на стресот и негативната енергија од нашиот организам.

Еден од најдобрите начини за постигнување на ова се боречките вештини како кик бокс и маи таи. 👌

Боречките спортови ќе те научат дека не постојат тешки и несовладливи противници, туку само вешти и помалку вешти борци. Тие ќе ти ја зголемат самодовербата и ќе те научат на почитување и верба во сопствените вештини. 🙏

Дополнително, ќе ти помагнат при тонирање на целото тело, затегнување на рацете и нозете, мускулите на задникот, губење на вишокот килограми и правилно обликување на телото.

Сите овие придобивки можеш да ги искусиш во Кик Бокс и Маи Таи клубот Titan Pro од Скопје кои покажаа на дело дека еден фитнес клуб може успешно да се отвори и да фунцкионира и за време на пандемија. 💪

ФитКит провајдер: Кик Бокс и Маи Таи Клуб Titan Pro Скопје

Titan Pro веќе неколку месеци му го возвраќа ударот на вирусот, а регистрираните вежбачи кои сакаат да се придружат на овој предизик стануваат се побројни.

Еве кои дисциплини ги имаш на располагање во Titan Pro: 👇

✅Функционален тренинг

✅Фитнес

✅Боречки вештини

✅Кардио

Тајната на успешното фунцкионирање на клуб за време на светска пандемија се должи на посветеноста на членовите од тимот на Titan Pro кои целосно се вложија да внесат доза на нормалност во целиов хаос.

ФитКит провајдер: Кик Бокс и Маи Таи Клуб Titan Pro Скопје

Мартин Јованов, претседател на клубот ја опишува сегашната процедура за вежбање во Titan Pro: 👇

  • Намален број на вежбачи во еден термин и отворени нови термини;
  • Доаѓање со маска и носење низ целиот објект додека не започне физичкиот дел;
  • Дезинфекција на обувките и рацете;
  • Мерење на телесна температура;
  • Дистанца од најмалку 5 метри помеѓу вежбачите.

Поради многубројните придобивки од тренинзите по кик бокс и маи таи како за децата така и за возрасните, бројот на членови во Titan Pro секојдневно се зголемува.

ФитКит провајдер: Кик Бокс и Маи Таи Клуб Titan Pro Скопје

Така да, ако ги сакаш боречките спортови и ти фали акција, еве како да почнеш да вежбаш со дечките од тимот на Titan Pro: 😎

Ќе продолжиме со почитување на мерките и правилата и во периодот пред нас. Вежбачи, чувајте се, здравјето е пред се! 🙏


ФитКит апликација лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *