By in Uncategorized
No comments

И покрај тоа што неговиот татко е професор на факултетот за физичка култура, тоа не беа и неговите стапки. Додека студирал архитектура ми се укажла прилика да работи повремено во фитнес студио. Не требало долго за да сепак разбере дека тоа е вистинската негова пасија што кратко потоа се претвори во full-time ангажман.

Денес после 6 години искуство работа со групни тренинзи, персонални тренинзи и голем број на посетени едукации, инволвираност во проекти и стекнати сертификати Мартин се чувствува многу самоуверено и искусно за да ти помогне да ги добиеш твоите посакувани резултати. Пред се најголемо искуство и експериментирање го има направено кај себе лично во изминативе 10+ години затоа што верува во филозофијата “practice what you preach”.

Фокусот на секој тренинг што ќе го работиш со Мартин ќе биде функционалност. Тоа значи дека покрај целите за надворешниот изглед, ќе ти помогне да функционираш подобро во секојдневието и да негуваш ментално здравје. Добар тренинг не е оној после кој се чувствуваш “здробено”, туку напротив оној после кој што се осеќаш полесно — ни кажа Мартин. Целта му е да те научи да тренираш правилно и тоа да го практикуваш како животен стил. Добрите навики во исхраната и добриот опоравок од вежбање ќе бидат исто така составен дел на вашата заедничка рутина и процес со Мартин.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *