By in Uncategorized
No comments
Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

ФитКит инспирација: Маја Стојановска од Куманово

In hello body hello ghost! Ова е фитнес мотивацијата на 28-годишната Маја Стојановска (Маца) од Куманово, нашата ФитКит инспирација на неделата.

Дење и ноќе, за време на карантин или не, Маја најчесто ќе ја најдеш како вежба во нејзината соба или било кое место кое е доволно широкo и има простор за стој на раце (Chaturanga Dandasan) — нејзината омилена вежба.

Омилена активност на Маја?

Претпоставувате — јога! 😎

Јога, јога и јога! Зoшто баш јога? Изгледа лесно и едноставно се додека не се внесеш у тоа и не почне да те воодушевува што се можеш да направиш со сопственото тело. Се превртуваш, се виткаш, се гушкаш, стоиш на нозе, на една нога, на раце, на една рака, на глава и се до бесконечни пози за кои не си знаел дека постојат. Maja Joга — веќе така ме потпишуваат на резервација у кафиЌ. 😂

Облеката за вежбање не и е толку приоритет колку што и е важно да најде место каде да стои на глава.

Секој сака да изгледа убаво кога ќе се види у огледало. Кога сум задоволна од изгледот и килажата, идам у топ и хеланки, а некогаш и у широки тренерки од брат ми. Но, пошто се случува да правам јога и кога цртам и кога гледам филм, не бирам толку што носам туку барам место кај да се свртам и да одстојсм на глава.🙆

Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

Иако јогата е нејзината љубов, сепак и кик боксот и пливањето се неизоставен дел од нејзината физичка активност.

Вежбам во секое слободно време. Пред работа, после работа. Пред карантинот, идев 3 пати неделно на кик бокс, за викенд кога ќе фатам термин одев на пливање, а во меѓувреме правев јога. Со вежбањето сум постојано на ОN, само што зимски период го оставам точакот у гаража, а го вадам бордот и цепам на планина. 💪

Тајната на Маја да се остане фит за време на карантин?

Скокај си јаже и вежбај си јога по дома!

Namaste! 🙏

Луѓето немаат континуитет и дисциплина за активен живот затоа што многу време им одземаат Netflix серии и филмови. Почнете да вежбате!

Онлајн тренинзите на ФитКит во голема мера ѝ помогнаа да не ја изгуби навиката за вежбање.

Браво дечки како ви текна! Апликација која ти дава можност да пробаш од се’ по нешто за да се пронајдеш себе си и да си комбинираш тренинзи низ цела Македонија дури и кога патуваш! Како мобилна апликација си ја носам со себе и си закажувам терминчиња у секое време на секое место! 👏

Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

Во слободното време (кога не вежба јога), Маја вози точак, сака да црта и илустрира, да патува, учи јазици, пие добро винце, планира каде ќе шета следно и се восхитува на нејзината фитнес инспирација — италјанката Giulia Calcaterra.

Иако Маја не се придржува кон строги режими на исхрана, едно нешто што не би го исфрлила никогаш е крцкав тазе печен леб. 🍠

А се уште мака мачи да престане да јаде и чоколада од 300 грама. 🍫 😋

Ако ти се допадна приказната на нашата ФитКит инспирација Маја, следи ја на нејзиниот Инста профил (@Ommayo0). Ќе најдеш многу фотки од патувања низ светот и инспиративни јога пози.

P.S. She is single and happy, но смета дека би било интересно да проба јога и со партнер! 😜


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *