By in Uncategorized
No comments
Photo credits: Matthew LeJune

Ако често вежбаш во природа, сигурно си почувствувал/а како рекреацијата во природа ти го буди оптимизмот и ти ја зајакнува волјата. 💪

Ако се уште се двоумиш, се надеваме дека овој блог ќе те убеди да го замениш вежбањето дома или излежувањето пред компјутер со тренинг во природа.

https://giphy.com/gifs/takSrYxkpg14Q/html5

За среќа, вежбањето во природа носи повеќе корист отколку вежбањето во затворен простор.

Затоа, се надеваме дека овие 5 предности ќе те убедат да излезеш надвор и да се фрлиш во акција да согоруваш калории под ведро небо. 😎

  1. Изложеноста на сонце го зголемува нивото на витамин Д во телото. Овој витамин е одличен партнер во борбата против инфекциите и благотворно влијае врз работата на срцето, белите дробови, мозокот и мускулите. Ова не значи дека по секоја цена треба да се изложуваш на јакото сонце од 11 до 17 часот. И секако, не заборавај го шишето вода. Ќе ти се најде. 😁
  2. Како последица на свежиот воздух, зголементото ниво на кислород ќе ти ја обнови енергијата, а ќе биде и твој најдобар сојузник во борбата против заморот, поспаноста и раздразливоста.
  3. Вежбањето во природа докажано го намалува стресот, анксиозноста и депресијата. Истовремено, те прави исполнет/а, ти ја потткинува самодовербата и ти помага подобро да спиеш.
  4. Природата драстично ти го зголемува нивото на серотонин. Нареден пат кога ќе вежбаш во природа, набљудувај како по еден час тренинг опкружен со зеленило, ќе бидеш многу посреќен/на.

Да речеме дека те убедивме да го искористиш преубавото летно време. Еве предлог активности со кои што можеш да се рекреираш во природа:

Photo credits: @63ru78

Вози велосипед

Возењето на велосипед е една од најдобрите алтернативи за кардио тренинг! 🚲 Креирај рута на возење според твојата кондиција, а потоа уживај во мирисот на природата додека вежбаш и согоруваш калории. Совршено, нели?

Вози ролери

Нема позабавна активност за дружба и обликување на телото од возењето ролери!

Оваа активност ти го активира речиси секој дел од телото, ќе согориш околку 400 калории за еден час, а затегнатот задник и нозе наскоро ќе бидат реалност. Вреди да се проба!

Photo credits: @samknightt

Трчај

Трчањето е одличен и бесплатен начин да изгледаш и да се чувствуваш добро.

Трчањето ќе ти го зајакне имунитетот и ќе ја зголемува моќта на твоето телото полесно да се бори против инфекции, алергии, настинки, грип или алергии.

Намалување на менструалните болки, уморот, болките во грбот и целулитот се само дел од придобивките.

Не ти е потребна некаква специјална опрема, само пар добри патики и упорност.

Тренинг во парк

Ако си решен/а за тренинг по ведро небо да го искорисиш паркот или игралиштето во маало, еве ти неколку предлог реквизити со кои што можеш да вежбаш:

men workout with a tree
Photo credits: Luis Carrillo Fitness

Дрва — Искористи ги големите гранки на дрвјата за да го зајакнеш горниот дел од телото. Направи неколку серии на подигнувања со рацете или стој на раце со помош на стеблото на дрвото. Ќе ти биде многу забавно. 😁

Клупа — Одлична импровизација за склекови и стомачни.

Трева — Сувите тревни површини се одлична подлога за варијации на вежби со истегнување, чучнувања и исчекорување.

Скали — За силни нозе, трчај по саклите, скокај со една или две нозе, качувај или симнувај се странично. Можностите се безбројни.

Што и да одбереш нема да згрешиш, важно е да се биде активен и да не дозволиш мрзливоста да го земе најдоброто од тебе! 🙏


fitkit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *