FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
Photo credits: @olly

Ако се уште се двоумиш која активност да почнеш да ја вежбаш — Аеробик или Пилатес, овој текст може да ти го даде одговорот. 👇

Ако целта ти е да ослабееш, aеробикот е дисциплнината за тебе, затоа што сепак тоа е кардио активност која ти ги активира големите мускули, го забрзува пулсот и трошиш дури до 600 калории за еден час. ⏳

Од друга страна, пилатесот можеби ќе ти согори помалку калории, но ќе ти ги обликува мускулите на елегантен начин помагајќи ти да формираш мускулни влакна што ќе ти траат за цел живот.

Како настанале аеробикот и пилатесот? Зошто се едни од најпопуларните дисциплини на денешницата? Зошто треба да им дадеш шанса? 😊

Терминот „аеробик” и специфичниот метод на вежбање се воведени од страна на докторот Кенет Купер. Тој бил зачуден зошто некои луѓе со одлична мускулна сила послабо извршуваат задачи, како што се трчањето на долги патеки, пливање и возење на велосипед.

За да дознае, со помош на статичен велосипед почнал да ја мери одржливата способност во однос на можноста на човекот да троши кислород. Книгата што подоцна ја објавил (во 1968), наречена „Аеробик”, веднаш станала бестселер. 🏆

Photo credits: @olly

Зборот аеробик во суштина значи „со кислород“ или „во присуство на кислород“. Со помош на аеробичните вежби се активираат големите групи мускули. Ова значи дека мастите се трансформираат во енерегија, која се проширува насекаде низ телото.

Ова се само дел од придобивките што ќе ги искусиш ако вежбаш аеробик:

✅ Подобро здравје на срцето и снабдување со крв;

✅ Помалку ќе се заморуваш и ќе имаш дополнителна енергија;

✅ Тонирани мускули и зголемена чиста мускулна маса;

✅ Намалена тензија и подобро спиење;

✅ Подобро расположение, намалена депресијата и анксиозност;

✅ Намален ризик од дијабетис, канцер, крвен притисок итн.

За разлика од аеробикот, пилатесот настанал на еден бизарен начин. Иако денес важи за совршена активност за топење калории, првично пилатесот не бил наменет за слабеење, туку начин луѓето да преживеат во затворските логори. 😮

Photo credits: @823sl

За време на Првата светска војна, на затворениците во логорите на островот Ман, ги мачела „болеста од бодликавата жица“ (ментална исцрпеност слична на депресија). За да им помогне да се излекуваат, Џозеф Пилатес креирал направи за вежбање од железото на креветите.

Направите очигледно функционирале затоа што ниту еден од затворениците кои што ги практикувале вежбите на Пилатес не починал од шпанскиот грип кој се раширил во тој период. По војната, пилатесот доживува голем успех во Америка, а Џосеф Пилатес станува светски гуру за љубителите на здраво живеење и вежбање. 🙌

Денес, пилатесот е многу повеќе од тренирање и одржување на физичката кондиција. Оваа дисциплина не само што го обликува телото, туку го избиструва умот, ти дава енергија и внатрешно спокојство.

Photo credits: @gustavo-fring

Еве неколку придобивки што го прават пилатесот толку популарен помеѓу вежбачите:

✅ Ти ја подобрува меморијата и го тренира твојот мозок;

✅ Ти помага да бидеш емоционално постабилен и да се ослободиш од стресот;

✅ Поради ослободувањето на ендорфини, по тренинг се чувствуваш среќно и смирено;

✅ Ти ја стимулира креативноста и те поттикнува да најдеш иновативни начини за справување со секојдневните предизвици;

✅ Ти ја подобрува самодовербата, ставот и правилното држење на телото.

Ако досега си немал доволно добра причина да започнеш да вежбаш аеробик или пилатес, се надеваме дека овој текст ти го промени мислењето. 🙏

За среќа, ФитКит апликацијата нуди широка лепеза на пилатес и аеробик тренинзи што можеш да ги вежбаш во сала и во комфорот на твојот дом. Изборот е твој! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *