By in Uncategorized
No comments
Photo credits: @enginakyurt

Дали наутро тешко стануваш од кревет и ти е мачна самата помисла дека мора да почнеш со работа?

Дали превртуваш со очи на празничните филмови бидејќи те нервира онаа нереална слика за животот што ја прикажуваат?

Дали ги одбиваш поканите за дружење бидејќи единственото нешто што сакаш да го правиш е да лежиш во кревет и да гледаш Нетфликс по цели денови? 😟

Не си единствен/а! Пост празнична депресија може да му се случи секому и тоа е сосема во ред. Но тоа не значи дека треба да се помириш со ‘’мизеријата’’.

Веќе пишувавме за 10 начини како вежбањето може да ти помогне да ја победиш пост празничната депресија.

Физичката активност доаѓа рака под рака со здрава исхрана (особено по прејадувањето за време на празниците). 😅

Депресивните расположенија не се „лечат“ со консумирање на многу чоколадо и брза храна. 🍩 Напротив.

Која е храната што треба да ја елиминираш (или барем помалку да ја јадеш) за да си го подобриш расположението?

❎ Висококалорична брза храна

Истражувањата покажуваат дека ако често јадеш хамбургери, хот-дог или пица, имаш 51% повеќе шанса да развиеш облик на депресија.

Photo credits: @johnny-pan-258572

❎ Храна со многу сол

Голема количина на солено јадење (како чипс или пржени компирчиња) може да ти го поремети нервниот систем, предизвикувајќи ги умор и поспаност.

❎ Пржена храна

Секоја храна што се пржи на масло содржи транс масти што го зголемуваат ризикот од депресивно расположение.

❎ Шеќер

Рафинираниот шеќер ти го пореметува нивото на гликоза во крвта. Тоа ти ја црпи целата енергија од телото, ти го менува расположението, а знае да ти го поремети и сонот.

Photo credits: @ella-olsson-572949

❎ Тестенини и бел ориз

Бел ориз, тестенини и пецива се рафинирани житарки кои ако ги јадеш во изобилство, не само што ќе качиш некој килограм плус, туку и ќе те направат да се чувствуваш ‘’дебело и деспресивно’’.

❎ Газиран сок

Газираниот сок содржи огромни количини шеќер и никакви хранливи материи. Сите силно засладените пијалаци се тесно поврзани со депресија. Затоа, ако ти се пие нешто газирано, подобро напиј се минерална вода.

Photo credits: @burst

❎ Алкохол

Алкохолот може да ти го наруши спиењето дури и ако го консумираш во мали количини. Така да, ако не си доволно одморен и наспиен, тоа може да ти ги влоши симптомите на анскиозност и да предизвика развој на депресија. 🍹😴

Ајде да погледнеме…

Која е храната што ќе ти го подобри расположението и ќе те смири?

✅ Млеко

Млекото е богато е со витамин Д за кој е докажано дека ја намалува депресијата. 🍶

Photo credits: @daria

✅ Мисиркино и пилешко месо

Оваа месо содржи триптофан, амино киселина која го поттикнува телото да лачи серотонин (хормонот на среќата).

✅ Јаткасти плодови

Бадемите, семките од тиква и сончогледот, се природни антидепресиви кои изобилуваат со витамин Е, цинк и манган.

✅ Храна богата со селен

Ја имаш во изобилство: бразилски ореви, семки од сончоглед, кафеав ориз, морска храна.

Photo credits: @solliefoto

✅ Храна богата со бета каротен

Моркови, тиква, спанаќ, сладок компир се намирници што задолжително треба да ти се најдат во фрижидерот.

Photo credits: @mali

✅ Храна богата со фолати (витамин B9)

Говедско месо, јајца, млеко, листест зеленчук, леќа, аспарагус се само дел од намирниците богати со фолати кои штитат од депресија и го поттикнуваат создавањето на здрави крвни клетки.

✅ Храна богата со омега 3 масни киселини

Омега 3 масни киселини се многу здрави за организмот, штитат од депресија и од срцеви заболувања. Вклучи го чиа семето во твоето дневно мени бидејќи изобилова со омега масни киселини. Лен, сусам, сончоглед и семки од тиква се исто така богат извор на омега 3 масни киселини задолжителни за правилна исхрана.

Photo credits: @castorlystock

За крај, немој сезонската пост празнична депресија да ја поистоветувате со клиничка депресија. Овој период од годината е тежок за многу луѓе.

Затоа, внимавај на правилна и избалансирана исхрана и вежбај си ја омилената дисциплина со најдобрите фитнес тренери во земјава со FitKit Plus програмите. 👈

Дај си признание за вложениот труд и прослави ги малите победи. И не заборавај — главата горе и продолжи со насмевка во 2021 година! 💪


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *