By in Uncategorized
No comments
Photo credits: Victor Freitas on Unsplash

Ако организирање онлајн тренинг ти е ноќна мора, а технологијата можеби и не ти е некоја силна страна, овој туторијал е за тебе.

Во претходното видео, ти ги одговоривме најгорчливите прашања што веројатно те мачат кога треба да продуцираш онлајн тренинг.

Сепак, доколку уште сметаш дека е полесно да се снимаш, како вежбаш и да им го испратиш видеото на твоите вежбачи, еве неколку причини што ќе те предомислат:

  • Тренинг во живо ќе им помогне на твоите вежбачи да бидат најблиску до она што го имале во она што го имале во сала — тебе како инструктор;
  • Живо опцијата секогаш може да се трансформира во снимка која што подоцна ќе ја ставиш на твојот YouTube канал, ќе ја споделиш на социјалните мрежи или ќе ја прикачиш на твојот веб сајт;
  • Интеракцијата во живо е незаменлива, бидејќи ќе можеш да комуницираш со твоите вежбачи, да им даваш заменски вежби и да ги поправаш движењата на вежбачите (доколку е неопходно).

За креирање на тренинзи во живо ти ја препорачуваме платформата Zoom, бидејќи ти овозможува да стримуваш на YouTube, Facebook и други платформи.

Истовремено, Zoom ги прави снимките едноставни за едитирање и сечење во многу помали делови.

Ова одлично ќе се вклопи во твојата маркетинг стратегија, па со леснотија ќе ја ‘билдаш’ базата на следбеници и ќе носиш поголема вредност на пазарот како фитнес инструктор.

Како да почнеш со Zoom?

За да стартуваш, посети го официјалниот веб сајт на Zoom https://zoom.us/ и одбери го начинот на кој што сакаш да ја користиш апликацијата.

Zoom home page

Имаш опција да ја користиш платформата бесплатно (Basic) или да избереш некои од бизнис плановите за плаќање од 15 или 20 долари месечно.

Доколку се одлучиш за опцијата да го користиш Zoom бесплатно, имај на ум дека сесиите во живо ти се ограничени на 40 минути што може да ти биде препрека.

Zoom pricing

Сепак, за да немаш пречки во стримувањето на видеата и сето тоа да ти изгледа многу професионално, ти препорачуваме да ја избереш опцијата Pro што ќе те чини 15 долари месечно.

Симни ја Zoom како апликација на твојот компјутер

Најпрактично ти е ако тренинзите ги водиш од твојот лаптоп, а не од мобилен телефон.

Иако Zoom има и мобилна апликација достапна на AppStore и PlayStore, сепак нашето искуство покажува дека не е толку практично да се води тренинг преку мобилен.

За да почнеш, најави се на овој линк https://zoom.us/meetings за да влезеш на твојот Zoom профил.

За да ја сетираш најдобрата Zoom околина за твојот онлајн тренинг, кликни на Settings опцијата и поиграј си со многубројните опции што ги нуди Zoom:

  • Опција видеото да биде вклучено со секој почеток на тренингот
  • Дозвола за звук од твојот лаптоп и мобилен (или обете — најдобра варијанта)
  • Одобрување дали твоите вежбачи да се вклучат пред ти да го стартуваш тренингот
  • Опција да можат да се вклучат само корисници што имаат веќе креирано профил на Zoom (ти советуваме да ја одобриш оваа опција за да имаш име и слика од секој учесник што ќе ти се приклучи на тренингот)
  • Испраќање персонализирана порака до оние кои што ќе сакаат да се приклучат
  • Внес на пасворд за некој да може влезе на твојот тренинг (или линк со вклучен пасворд за да не мора рачно да го внесуваат)
  • Опција вежбачот кога се вклучи на твојот тренинг да биде без звук или да можеш да го слушаш, па по потреба да направиш да биде без тон
  • Потсетник дека треба да одржиш тренинг (се надеваме дека нема да ти треба оваа опција 🙂
  • Опција за групен или приватен chat во самиот тренинг и опција да ги зачуваш разговорите
  • Споделување фајлови со учесниците за време на тренингот
  • Анкета за вежбачите
  • Можност за двајца домаќини на тренингот (од практични причини)
  • Споделување на твојот личен екран со останатите учесници
  • Отстранување на учесник од тренинг
  • Промена на позадина на состанокот
  • Можност за ‘waiting room’ каде што можеш да одобриш кој да се прикчучи на тренингот
  • Опција да формулираш наслов за тренинг
  • Опција во исто време да го стримуваш твојот Zoom состанок во живо и на некоја друга платформа како Facebook, YouTube, приватна група, итн.
  • Видео и аудио ефекти

Во оваа видео, Јосиф од ФитКит те води како да сетираш Zoom состанок од почеток до крај за да можеш максимално да ги искористиш придобивките што ти нуди платформата.

Сосема е разбирливо доколку се двоумиш дали да креираш онлајн тренинг, но не заборавај дека овде се крие и можноста да им ја докажеш на вежбачите твојата лојалност, како инструктор што не се откажува од нив ниту во овие кризни времиња.

Затоа, во следниот видео туторијал ќе ти покажеме неколку практични начини како функционира еден онлајн тренинг во живо. Stay tuned! 🙂


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *