By in Uncategorized
No comments
ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Под мотото Не мора да бидеш добар за да почнеш, но мора да почнеш за да бидеш добар, спортскиот центар Будо од Велес, повторно се враќа во игра, помотивирани за вежбање од кога и да било порано. 💪

Оваа е едно од ретките студија кои што веќе 15 години докажуваат дека се едно од најквалитетните фитнес центри што нудат широка лепеза на дисциплини по мерка на секој вежбач.

Еве кои се дисциплини можеш да ги пробаш во спортскиот центар Будо: 👇

  • Функционален тренинг
  • Фитнес
  • Боречки вештини
  • Пилатес
  • Јога
  • Кардио

Имаш и опција за личен тренер кој максимално ќе се посвети да ги постигнеш посакуваните фитнес резултати.

Дополнително, по напорниот тренинг можеш да се релаксираш со масажа и финска сауна.

Спортскиот центар Будо може да се пофали со многу национални и интернационални успеси во боречките вештини и лиценцирани инструктори и судии (светски и европски). 🙌

ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Пандемијата беше уште еден тест кој успешно го положија.

Раде Стефановски, сопственик и тренер во Будо објаснува како центарот се прилагодува на новото “нормално” и прави вежбачите да доаѓаат на тренинг и да се чувствуваат безбедни. 🙏

Работа за време на пандемија ни беше ново искуство и за жал не толку убаво, но се справуваме успешно. Работиме по сите предвидени протоколи од Федерациите во кои сме активни членки (боди билдинг, карате, кик бокс, БЏЏ). Тоа изгледа вака: закажување термин, маска при влез, дезинфекција, мерење температура со без контактен термометар, запишување за евиденција на членови, растојание при тренинг од 2 метра или 10 м2 по простор по човек, постојана дезинфекција на справи итн.

ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Иако им понудиле онлајн часови преку платформата Zoom, како што вели Раде, физичкото присуство на тренинг и онлајн тренинзите се небо и земја. 😞

Дали вежбачите ќе имаат интернет, како ќе се наплатат часовите, дали ќе имаат доволно простор да вежбаат дома биле најголемите предизвици со кои што се соочиле како тим за време на онлајн часовите.

За да бидеш дел од тимот на Будо: 😎

  • Посети го нивното студио на улицата „Филип Втори” број 8 во Велес
  • Следи ги на Инста — @budoveles
  • Пиши им на Фејсбук –Sportski centar BUDO-Veles

Почитувајте ги предвидените протоколи за тренинг кои се во согласност со Министерството за здравство, пазете го сопственото здравје и здравјето на другите!🙏, апелираат од спортскиот центар Будо.

Епа велешани, време е за акција! 🏃


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *