By in Uncategorized
No comments
ФитКит провајдер: Pure Studio

Под мотото Relax your body internally, едно од најмодерните места за вежбање јога во Скопје, Pure Studio повторно ги отвори вратите за своите ученици, онлајн и во сала. 🙌

Иако Pure Studio постои само неколку месеци, веќе се на далеку препознатливи по својата богата понуда — практикување на повеќи стилови на јога водени од сертифицирани јога учители.

Радица Балеска, сертифициран Аштанга Јога учител во Pure Studio, oбјаснува за предизвиците со кои што се соочуваат за време на Ковид-19 пандемијата. 😷

Најголем предизвик за време на пандемијата ни е да ги следиме сите здравствени протоколи и секако, преполовувањето на бројот на ученици. За среќа, вежбачите се свесни и совесни за целава ситуација.

Со цел вежбачите да не ја изгубат својата рутина, за време на карантинот им понудиле онлајн часови.

Сепак, стравот од прекин на интернет конекцијата и не толку добрата контрола врз учениците ги натерало да сфатат дека јога тренинзите во живо се сепак подобрата варијанта. 😎

ФитКит провајдер: Pure Studio

Еве која е сегашната процедура за вежбање во Pure Studio:

✅ Дезинфекција пред влегување во сала

✅ Се вежба на дистанца

✅ Учителот носи маска и нема физички допир со учениците

✅ На секој од учениците до простирка му стои маска, за на крај од часот да може веднаш да ја стави на уста и нос

✅ Дезинфекција на просторот после завршување на часот

За следните неколку месеци велат дека максимално ќе продолжат да се држат до мерките како до сега, бидејќи за здравјето се работи. 🙏

За Јога е предизвик да не се прави физички adjustment, но со поголема вербална комуникација се адаптираме на праксата.

ФитКит провајдер: Pure Studio

Aко сакаш да воспоставиш хармонија меѓу умот и телото: 😇

  • Посети го Pure Studio на улицата „29-ти Ноември” број 4 во Скопје
  • Следи ги на Инста — Radhayogaa
  • Пиши им на Фејсбук — RadhaYoga

Од студиото со апел:

Почни со Јога, направи го првиот чекор за себе-откривање и работа на подобра верзија од себе!

Namaste! 🙏


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *