FitKit Pixel

Запознај ја Рената Младеновска, дел од тимот на Premium Sport Center која ги води пилатес и функционалните тренинзи, помагајќи им на вежбачите да си ја подобрат силата, флексибилноста и издржливоста.

By in Uncategorized
No comments
Рената-Premium-Sport-Center

Сигурно си слушнал/а за Premium Physical Therapy & Sport Center затоа што добриот збор се шири брзо. 😎

Станува збор за комплетно нов и најсовремено опремен спортски центар што се наоѓа во рамки на клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Овде можеш да си дозволиш целосна грижа за здрав живот со услуги како фитнес центар, физикална терапија, корективни вежби, медицинска и спортска рехабилитација, нутриција, диетологија, парна бања, финска сауна и сите видови масажи. 💆

Рената-Premium-Sport-Center

Рената Младеновска е дел од тимот на Premium Sport Center која ги води пилатес и функционалните тренинзи, помагајќи им на вежбачите да си ја подобрат силата, флексибилноста и издржливоста. 💪

Рената го започна своето фитнес патување пред повеќе од 5 години кога почнала да вежба пилатес. Поради физичките придобивки и позитивниот ефект, таа се вљубила во пилатесот, а потоа станала и фитнес инструктор.

Денес таа пасија ја пренесува во секој свој тренинг. 😍

На часовите работиме со тегчиња, ластици и степери. Вежбите се со повисок интензитет. Секој тренинг е составен од еден час добро потење, скокање со претходно убаво загревање и на крајот задолжително истегнување. На секој час е опфатено целото тело со акцент на одреден дел. Секогаш давам алтернативни вежби за оние кои сакаат полесна или потешка варијанта или оние кои не се чувствуваат удобно при изведување на некоја вежба.

Чувството што го добиваш после тренинг вреди за целиот напор што си го вложил/а, вели Рената.

Мотивацијата на почеток на тренингот кај сите е најчесто физичката промена. Мене лично, мотивација ми е чувството после тренингот. Секогаш кога ќе одвоите еден час за доброто на вашето здравје, ќе се чувствувате поенергично и горди самите на себе! 😊

Aко сакаш да вежбаш со Рената: 

👣 Посети го студиото на улицата ,,Скупи” број 3а во Скопје

📷 Следи ја на Инста: @renata__ml

💬 Пиши ѝ на Фејсбук: Рената Младеновска

Рената-Premium-Sport-Center

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *