By in Uncategorized
No comments

Психологијата и фитнесот рака под рака и помогнаа на Софија да се развие во подобра личност. Промените во начинот на размислување направени преку времето поминато во теретана и едукација (дисциплина, мотивација, цели и приоритети) траат веќе 5 години активно за нејзе.

Работата како психолог и (online) фитнес тренер ја имаат научено дека пред се треба нештото да го сакаш за да можеш да напредуваш. Тоа за нејзе станало најголема мотивација. Сопствениот напредок.

Затоа според Софија е многу важно тренирањето на умот исто како и тренирањето на телото. Ако умот и телото имаат кохезија тогаш може да се зборува за комплетна личност која може да се гради себе си физички и психички.

Таа изготвува тренинзи во зависност од целите на секоја индивидуа со дополнителни советувања околку исхрана (можност за изработка на персонализиран план, повторно зависно од целта).

Тоа се најчесто тежински тренинзи во комбинација со кардио кои вклучуваат различни вежби кои помагаат во градење на чиста мускулна маса.

Преку креирање на здрави животни навики може да се подобри целокупниот психофизички развој, што може да биде од посебно знаење за некој од нас во одреден период.

За крај Софија ќе ти каже: “СЕТО ТОА ШТО ЧОВЕКОВИОТ УМ МОЖЕ ДА ГО ЗАМИСЛИ И ВЕРУВА ВО ТОА-ТОЈ МОЖЕ И ДА ГО ПОСТИГНЕ! Дозволи ми да ти помогнам.”

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *