FitKit Pixel

Кои се тајните на Шер за исхрана, нега на кожата и фитнес?

By in Uncategorized
No comments
Шер-вежбање

Американската поп-ѕвезда, актерка и добитничка на Греми, Шер неодамна наполни 75 години. Ако имаш пораснато со песните на Шер, сигурно ти е изненадувачки како таа ја одржува својата младешка енергија повеќе од 50 години, уште од моментот кога за прв пат стана музичка ѕвезда.

Својот фит изглед Шер го припишува на постојано вежбање, растителна исхрана и експериментирање со производи за нега на кожата.

Кои се тајните на Шер за исхрана, нега на кожата и фитнес?

1. Пет пати неделно потење во теретана

Наместо 2 до 3 пати да ја посетува теретаната, Шер ја дуплира таа бројка, вежбајќи 5 пати неделно со личен тренер.

Како што старееш, треба двојно понапорно да работиш на твоето тело и виталност, смета Шер.

Освен потењето во теретана, во слободно време Шер троши калории и преку сурфање, пешачење и танцување.

Ако си расположен/а да танцуваш со Шер, погледни го видеово:

Сите ние се креираме себеси. Некои од нас едноставно имаат повеќе имагинација од другите!

Шер

2. Храни се со растителна храна и избегнувај месо и млечни производи

Шер-вежбање

Диетата на Шер не вклучува мрсна храна или хамбургери. Таа избегнува шунка и црвено месо. Производи со полномасно млеко ги има заменето со безмасно млеко. 

За Шер, сирењето е една од најлошите работи за телото бидејќи не се вари добро и повеќето е премногу богато со масти.

Кафеав ориз, мешунки, зеленчук, тестенини и овошје како бананите, папајата се неизоставен дел од менито на Шер.

Слаба страна ѝ се десертите, но сепак се труди да ги јаде поретко.

Ако навистина сакаш нешто, можеш да најдеш начин како да го оствариш тоа!

Шер

3. Намали со пушење и алкохол

Шер-вежбање

Освен што го зголемува ризикот од разни видови на рак, пушењето е поврзано и со срцеви заболувања и зголемување на телесната тежина. За среќа, Шер навремено го има сфатено тоа.

Верувале или не, Шер пие алкохол само 3 до 4 пати годишно.

4. Експериментирај со различни брендови за нега за кожа

Шер нема строга рутина за нега на кожата. Не се држи до еден одреден бренд, туку експериментира со различни производи за нега на кожа и ги користи тие што ќе ѝ донесат најголеми придобивки.

Едeн од омилените брендови за нега на кожа на Шер се производите од доктор Барбара Штурм.

Отсекогаш ризикував и никогаш не се грижев за тоа што светот мисли за мене. Може и затоа сум толку успешна!

Шер

Шер-вежбање

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *