By in Uncategorized
No comments

Денешните општо прифатени упатства и правила за физичка активност препорачуваат од 150 до 250 минути неделно да се практикува активност со умерен интензитет (УИ) како што е брзо одење или пак слично нешто кое би можел да го направиш на трака, орбитрек или точак. Овие активности доколку ги правиш во фитнес центар дозволуваат и следење на откуцаите на срцето кои што во принцип не достигнуваат повеќе од 70% од максималните откуцувања на срцето во минута (220). Оваа препорака стои и од Светска здраствена организација затоа што овој тип на активности е правопропорционален со интензитетот и количината на кислород што твоите клетки ќе ја добиваат. Во превод тоа значи дека ако сакаш да создадеш добра средина во твоето тело (добар проток на крв, еластични крвни садови и доволно кислород за сите клетки во телото) практикувај умерени активности т.н. кардио тренинзи со умерен интензитет од околу 250 минути неделно.

Од друга страна високо интензивните (ВИ) тренинзи се всушност активности каде што имате неколку интервали кои траат од 6 секунди до 4 минути и во тие интервали имате непрекинато интензивно вежбање по кое што следува бавно вежбање со тежини или пак одмор. Постојат најразлични модели и тренинзи кои го практикуваат овој модел на вежбање, а тоа се crossfit, insanity, P90x, функционални тренинзи, кружни тренинзи итн. Овде оптеретувањето на срцето и респираторниот систем може да стигне и до повеќе од 80% од максималниот капацитет на работа (220). За разлика од (УИ) тренинзи (ВИ) обезведуваат поголемо согорување на масти и на долг рок обезбедуваат поголема издржливост и креирање на мускулен тонус.

Ова не значи дека едниот тип е подобар од другиот тип. Ова значи дека секое вежбање носи некаков бенефит, но ако постои некоја генерална поделба на интензитетот на вежбање, тогаш најди ја најдобрата дисциплина со УИ и со ВИ за тебе лично и практикувај ги и комбинирај ги на неделно ниво во континуитет.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Tags: , , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *