By in Uncategorized
No comments

ФитКит Херој на Неделата: Ана Костоска

27-годишната Ана Костоска од Охрид е еден од најредовните вежбачи со ФитКит. Првиот тренинг го закажала во фитнес центарот Легион. Од тој момент, таа ги користи ФитКит кредитите за да вежба по неколку пати неделно.

-Континуирано ја користам апликацијата околу година ипол и многу ми се допаѓа комбинацијата на различни активности кои можеш да ги направиш. Најмногу ја користам за вежбање низ фитнес теретаните или за функционален тренинг. Сум пробала и пливање, а понекогаш се релаксирам со некоја масажа или спа.

Љубопитна по природа, пробала повеќе дисциплини, но како вежбач, најмногу се пронаоѓа во групните тренинзи.

-Ги сакам групните тренинзи повеќе во однос на фитнес теретаните. Сум пробала аеробик, зумба, пилатес, но најмногу ми се допаѓа функционалниот тренинг, бидејќи некако е поинтензивна комбинација од сите нив заедно. Секогаш се комбинираат различни вежби кои го опфаќаат целото тело. Се стекнува поголема кондиција и се добива сила, баланс и координација на целото тело и мускулите.

Како дел од консултантската ИТ компанија Polar Cape, Ана вели дека кредитите што месечно ги добиваат преку ФитКит се одлична можност да се релаксираш по напорната работна недела.

Со оглед на тоа што месечно добиваме одреден број на кредити, тоа го сметам како голем бенефит од фирмата, бидејќи самото тоа придонесува за подобар активен живот на вработените како и подобро здравје. И не само за вежбање, некогаш кредитите можат да се искористат за масажа или за некој спа центар и да се направи убав relax викенд, кој ќе придонесе за подобра работна недела.

Ана со апел до нејзините колеги што немаат навика да вежбаат:

Време за вежбање треба секогаш да се наоѓа, посебно за нас кои сме долго време пред компјутер во текот на денот. Преку ФитКит апликацијата постојат многу различни варијанти на тренинзи, така што секој би се пронашол во она што му е интересно.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *