By in Uncategorized
No comments

Ја започнуваме серијата блогови за ФитКит херои со Ана Серафимоска, 27- годишен фитнес ентузијаст од Охрид, со живеалиште во Скопје. Секогаш полна со енергија, оптимизам и подготвена да тргне во акција, Ана е девојка што го живее животот со полни гради.

Како зависник од здравиот начин на живот, физичката активност е неизбежен дел од нејзиниот пренатрупан распоред. Почнала да ја користи ФитКит апликацијата неколку пати неделно, бидејќи смета дека можноста да си закажеш тренинг на место и време што најмногу се вклопуваат во твојот распоред е фантастична за луѓе како Ана — преполни со обврски и работни ангажмани.

Најголема пасија за Ана е токму фитнесот како дисциплина.

„Од сите тренинзи досега, најмногу се пронајдов во фитнес, затоа што сум многу фит :)”, вели таа.

Затоа, првиот тренинг што го закажала преку ФитКит апликацијата било вежбање во Fitness club FIT, урбана локација за фитнес ентузијасти како неа.

Како дел од тимот на компанијата Армедиа, Ана се согласува дека физичката активност доволно придонесува таа да биде попродуктивна на работното место и ефективно да ги извршува сите работни задачи.

Според Ана, вежбањето како дел од бенефициите за вработени значително ќе придонесе вработените да се чувствуваат дека во нив вложува самата компанија.

Таа е уште еден позитивен пример дека физичката активност ќе ти помогне не само во одржување на твојата телесната тежина, обликување на телото и кондиција, туку ти овозможува да се чувствуваш полн со енергија на работното место и подготвен да се соочиш со сите предизвици што ги носи секој нов ден.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *