By in Uncategorized
No comments

26-годишната Елеонора Гигоска од Скопје е една од најредовните вежбачи со ФитКит апликацијата. Таа дури по неколку пати неделно си закажува тренинзи, зашто смета дека со апликацијата, вежбањето секогаш е забавно.

-Ми се допаѓа што имам можност да вежбам на повеќе места без притоа да платам чланарина за цел месец, со што си правам да не ми е монотоно вежбањето.

Иако пробала најразлични дисциплини, сепак најмногу се пронаоѓа во фитнесот.

-Најмногу се пронајдов во фитнесот. Ми се допаѓа поради тоа што имам тренинзи кои вклучуваат тежини, а можам да комбинирам и кардио тренинзи. Исто така, ми се допаѓа што можам да одам во теретана кога јас сакам, а тоа ми помага да останам исполнета и да вежбам редовно.

Како дел од софтверската компанија Plum, Елеонора смета дека физичката активност и помага секогаш да биде полна со енергија и фокусирана на работните задачи.

Воведување на вежбањето како дел од бенефициите за вработени надвор од работните часови, придонесува тие да чувствуваат дека компанијата вложува во нив, вели таа.

-Убаво е да знаеш дека работодавачот инвестира во тебе како вработен, и надвор од работното време. Сите знаеме колку е битно да се вежба се со цел за подобро здравје, особено кога работата вклучува 8 саати седење на стол. Секој бенефит од фирма го мотивира вработениот.

На нејзините колеги кои што немаат навика или сметаат дека немаат време за вежбање, Елеонора им препорачува:

  • No excuses 🙂 Секој има барем неколку часа слободни во неделата за да отиде на вежбање, се е како ќе си ги поставиме приоритетите.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *