By in Uncategorized
No comments

Коста Павловски од Охрид, неуморен поборник за здравиот живот и вљубеник во новата фитнес револуција е нашиот ФитКит херој за оваа недела.

Првиот тренинг што го закажал преку ФитКит апликацијата бил во третаната ProjectFitmk, еден од лидерите во фитнес индустријата во градот.

Почнал да вежба еднаш неделно, бидејќи со оглед на пренатрупаниот распоред на Коста, потешко му било да го најде вистинското место и време за вежбање, но и за релаксирање.

Од сите тренинзи што досега ги има закажано преку ФитКит, вели дека најмногу се пронајде во Bodytec, иновативна дисциплина за која се вели дека е иднината на фитнесот.

37-годишниот Коста е дел од тимот на софтверските гиганти WebFactory. Тој вели дека физичката активност во голема мера му помага да биде уште попродуктивен на своето работно место, секогаш да биде полн со енергија и умешно да ги извршува сите работни задачи.

Според Коста, доколку компаниите ја воведат физичката активност и релаксацијата како дел од бенефициите за своите вработени, тоа ќе резултира со зголемено задоволство кај вработените, бидејќи ќе чувствуваат дека компанијата вложува во нив и надвор од работните часови.

Нашиот денешен херој е уште еден позитивен пример дека за физичката активност можеш да го најдеш вистинското време и место. Потребно е само да го најдеш твоето “совршено” што ќе се вклопи во твојот распоред, а дополнително ќе ти ја зголеми и продуктивноста на работното место.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *