By in Uncategorized
No comments

,,1 час вежбање е само 4% од твојот ден!” вели 27-годишниот Никола Калемџиевски, нашиот ФитКит херој на неделата.

За Никола, вежбањето е активност што го исполнува со енергија и му го подобрува расположението. Затоа, неколку пати неделно можете да го видите во теретана.

-Дефинитивно најмногу се пронаоѓам во фитнесот. Но, морам да признам дека на почетокот ми беше само за да имам некоја физичка активност. Со текот на времето ми стана интересно, одев почесто на тренинг, почнав да внимавам на исхраната, експериментирав со различни тренинзи. Едноставно си најдов едно хоби на кое се посветувам многу и тоа ме прави посреќен. Преку ФитКит можам да одберам каква активност сакам и кога сакам. А воедно, има и голем избор. Многу кул!

Никола е еден од оние ретки и дисциплинирани вежбачи кои што кога ќе ветат дека од 1 јануари почнуваат да вежбат, остануваат на тоа доследни. Токму на овој датум бил и неговиот прв тренинг закажан преку ФитКит апликацијата.

Мислам дека беше пред една година на 1ви Јануари во Хотел Парк. Со неколку колеги од работа решивме убаво да ја започнеме годината со еден утрински тренинг во Хотел Парк. Мислам дека полека ќе ни стане традиција :).

Бенефитот од вежбањето му се пресликува и во работната средина како дел од тимот на Upshift. Никола вели дека физичката активност му помага да биде уште попродуктивен на работа.

-ФитКит пред се, ги поттикнува луѓето да живеат поздрав живот, да вежбат, да се релаксираат, да вложуваат во себе. Промовирањето на сите овие здрави навики со помош на ФитКит покажува дека компанијата се грижи за своите вработени.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *