By in Uncategorized
No comments

Ѓорѓи Спасов (Џоле) е долгогодишен тренер и стручњак во областа на фитнесот и функционалниот тренинг со долгогодишно спортско искуство како активен спортист државен првак во пливање, репрезентативец и рекордер, воедно и лиценциран тренер од повеќе светски реномирани академии за фитнес и велнес.

Работата со него ќе ти даде одлична можност да вежбаш на принципот на кружен тренинг (CIRCUIT TRAINING), табата тренинг (TABATA), HIIT, тренинг за зголемување на мускулната маса, намалување на маснотиите, зголемување на флексибилноста на телото, зголемување на аеробниот и анаербниот капацитет на телото итн.

Тренинзите ќе бидат модифициран за домашни услови со или без реквизити за да не го изгубиш континуитетот, желбата и мотивацијата за здрав живот. Во склоп на соработката ќе добиете и целосна докуметирана шема за правина исхрана според крвната група за поефикасни и побрзи резултати. После тренинг секогаш ќе имаш причина да се насмевнеш.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *