By in Uncategorized
No comments
Марија и Јелена Пилатес Поинт студио ФитКит провајдери

Студиото на Пилатес Поинт неодамна повторно ги отвори вратите за љубителите на активниот живот кои едвај чекаат да согоруваат калории и да си го обликуваат телото од соништата. 🙌

Со цел придржување кон протоколите за работа, на влезот од студиото и внатре се истакнати сите заштитни мерки кои се применуваат во студиото, како носење на заштитна маска, постојана дезинфекција на студиото и реквизитите, проветрување, мерење на телесна температура.

Поставена е дезобариера и средства за дезинфекција, се одржува соодветно растојание помеѓу вежбачите и ограничен е бројот во група.

Фитнес инструкторките Јелена Чокрева и Марија Чокрева ја објаснуваат процедурата за вежбање во студиото во време на пандемија: 👇

Најпрво налагаме секој со себе да понесе чист пешкир и чисти патики, и доколку е можно да се дојде спремен со опремата за вежбање. На влезот од студиото прво е потребно да се дезинфицираат обувките, па рацете со гел за дезинфекција кој е поставен веднаш на влезот. Потоа мериме телесна температура, па секој се сместува на едно од одбележаните места, помеѓу кои има соодветно растојание. 👌

Марија и Јелена Пилатес Поинт студио ФитКит провајдери

Ова се дициплините што вежбачите ги имаат на располагање во рамки на студиото:

  • Фитнес
  • Пилатес
  • Кардио

Распоредот не претрпе некои големи промени. Кога отворивме нормално имаше помал број на групи, но со тек на време, кога луѓето воочија дека може безбедно да се вежба и во сала, распоредот си се врати на старо, со утрински и попладневни термини.

Справувањето со ограничувањата што ги наметна пандемијата се одрази врз функционирањето на студиото 😷, но тимот на Пилатес Поинт одлучи да го трансформира разочарувањето кај вежбачите со квалитетни домашни онлајн тренинзи.

Најголем предизвик беше да најдеме брз, но ефикасен начин да продолжиме со тренинзи без да паузираме, и покрај тоа што не можевме да вежбаме во сала, да ги задржиме нашите вежбачи, да успееме да ги информираме како ќе продолжиме да функционираме и да им обезбедиме онлајн програма, која ќе биде лесно достапна, а ќе понуди квалитетни и интересни тренинзи кои ќе го задржат нивното внимание. Горди сме на начинот на кој се справивме со пандемијата. Од овде произлезе и нашата онлајн програма која веќе брои 80 тренинзи и овозможува вежбање пилатес и од удобноста на домот.

Марија и Јелена Пилатес Поинт студио ФитКит провајдери

Иако часовите во сала и онлајн се различни, тимот на Пилатес Поинт успешно се снајде.💪

Најголем страв и предизвик беше самото држење и снимање на онлајн часовите, кои се многу поразлични од оние во сала. Го почнавме тоа набрзина и среќа во несреќа беше што имавме професионален апарат и тоа многу ни ја олесни работата. Промената во атмосферата што ја има на час во група и на час сами пред камера е нормално голема, но постојаниот фидбек од сите што не следеа на екраните ни даде потврда дека тоа што го правиме е добро и ни даде мотивација за да продолжиме напред.

Дечките од Пилатес Поинт успешно се адаптираа на ституацијата, а во меѓувреме снимаат нови онлајн тренинзи за како што велат — секој што сака да вежба да ја има опцијата да бира дали ќе вежба во сала или онлајн.👏

Продолжуваме да работиме со полна пареа, со следење на протоколите, во сала и онлајн. Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици и да се прилагодуваме на моменталната ситуација во светот. Главен фокус ни е да останеме верни на нашите клиенти и да им овозможиме да го извежбаат тој еден час во денот без разлика на околностите. Затоа да останеме колективно свесни! Сè додека продолжуваме ние да го почитуваме нашиот дел од протоколите и вие вашиот, ништо нема да може да не спречи безбедно да вежбаме и да си обезбедиме еден заслужен час среќа и здравје во денот. 🙏

Марија и Јелена Пилатес Поинт студио ФитКит провајдери

Студиото на Пилатес Поинт ќе го најдеш на Булевар “Партизански Одреди” бр. 107 во Скопје.

За сите новости поврзани со студиото и распоредот на вежбање следи ги на Инста (@pilatespointmk) и Фејсбук (Pilates Point).

Се гледаме во сала или онлајн. Ти си бираш! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *