FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments

ФитКит инспирација: Војислав Станојевиќ од Тетово

Епидемијата зададе сериозен удар врз фитнес рутината на Војо, но тој не се предаде на комфор зоната туку си направи своја домашна теретана.

Затоа, му симнуваме капа на нашата следна ФитКит инспирација на неделата — 34-годишниот Војислав Станојевиќ (Војо) од Тетово. 💪

Правам сопствена теретана, тоа ми беше и животна желба, по неколку години вежбање во комерцијални теретани увидов дека секоја си носи по некој лимит. Вака, no limits, no excuses and let’s start grinding! Првиот месец го искористив за да научам некоја нова вештина при вежбање со сопствена тежина. Но потоа некако не најдов начин да прогресирам и почнав со идејата да си направам теретана дома. 🙌

Во домашни услови, од реквизити користи карики, склекери и ластици, а најчесто вежба pull ups, push ups, dips на карики и различни вежби со ластици и сопствена тежина.

Војислав Станојевиќ од Тетово, ФитКит инспирација на неделата

Иако теговите со тежина во Hammer Gym му недостигале најмногу, сепак Војо го нашол чарето на друго место. 😅

Во услови на пандемија и лимитиран простор и ресурси за вежбање, човек може најголем фокус да стави на исхраната. Сепак тоа е нешто што можеме да го контролираме. Секогаш може да се направи добар избор на храна. Овој период може и добро да се искористи за добар одмор и recovery на телото. Секако, секогаш кога сме во можност треба да се движиме, пешачиме или трчаме.

📢 Еве како гласи неговата равенка за здрав живот: 70% исхрана, 20% сон и 10% тренинг.

A како изгледа фитнес рутината на Војо?

Генерално се фокусирам на основните 5 движења. Squats, deadlifts, bench press, shoulder press и pull ups. Се трудам да одам во теретана 4 пати неделно. Гледам секое од овие 5 движења да го изведам по 2 пати неделно. Една сесија 5х5, другата 4х10. Вежбам навечер после 19 часот, па од прилика 90 минути.Сакам да работам претежно со шипки (barbells) и bodyweight вежби. Инспирацијата ја црпам од Jeff Cavaliere @athleanx, Eddie Hall @eddiehallwsm, Chris Heria @chrisheria, Hafthor Bjornsson @thorbkornsson итн. Другови и другарице, come to the dark side. Ќе се чувствувате силни, здрави и среќни! 👌

Војислав Станојевиќ FitKit

Шака суво грозје, протеинче и туш. Вака се опушта Војо после вежбање. А во слободното време обожава да експериментира со храна (и тапани). 🔥

Протеини, влакна и зелени ствари се нешта кои што се колне дека никогаш нема да ги исфрли од исхраната (се` уште мака мачи со компирите).

Ако ти се допадна приказната на Војо, ова е неговиот Инста @illusional_v каде што ќе најдеш изобилство од мотивациски пораки и видеа од вежбање.

P.S. Sorry ladies, he is taken! 😍


FitKit aplikacija

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *