FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments

Не знам дали сте љубители на вода и дали сте со предрасуди дека не сакате да влегувате во базен, но како и да е еве што може да правите и да потрошите некоја калорија повеќе додека сте во базен.

Аква аеробик

Часовите по вежби во вода овозможуваат на забавен начин да ги искористите отпорот и пловноста на водата за да ги вежбате мускулите и да ги подобрите фитнесот, силата и флексибилноста на кардиоваскуларниот систем. Ако практикувате вежби за зајакнување и техники за истегнување, ќе го зголемите тонусот на телото и дијапазонот на движења. Не мора да одите на официјални часови за да направите одличен тренинг. Едноставно скокнете во базенот и пробувајте различни движења што целосно ќе ви ги раздвижат зглобовите.

Пливање

Со пливање може да си го подобрите нивото на аеробен фитнес зашто го тера телото да учи нов начин на дишење. Лицето ни е во вода, а тоа значи дека телото мора да научи брзо да се прилагодува. Длабоко земаме воздух и со тоа ги тераме белите дробови и срцето поефикасно да го пренесуваат кислородот. Поради тоа што со пливањето не ги оптоварувате зглобовите, ова е одличен начин да си ги одморите мускулите што се истоштиле од активности со голем напор како што се трчање и тренинг со тежина, со што се заморуваат зглобовите на колковите, на колената и глуждовите. Плус може да изберете дали ќе пливате за да се релаксирате или ќе испливате повеќе кругови за да направите јак тренинг за целото тело со кој ќе согорите многу калории.

Не мора да одите на одмор за да уживате во корисните ефекти од тоа да бидете во вода или покрај вода. Наша препорака е да ги пробате опциите на нашата апликација за пливање во Скопје. Супер би било еден ден во неделата да ти биде за вежби во вода. А, поради отпорот што го создава, знам дека со секој тренинг согоруваш голем број калории.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *