Наполни си батерии

0 Comments

Наполни си батерии – направи го вежбањето поинтересно

Наполни си батерии со вежби на покривот од зградата. Јога во парк? Џогирање околу езеро или можеби утринско брзо одење околу вашето омилено место? Време е да го развеселите вашето вежбање. Сега, кога топлите денови конечно ни доаѓаат, може да вежбате насекаде!

ДОСТИГНЕТЕ ГО СВОЕТО НАЈДОБРО НИВО

Ако ви се чини како да стагнирате, придружете се на група мотивирани луѓе. Можеби одредени интензивни вежби се токму тоа што ви треба! Ќе запознаете луѓе со слични сфаќања и тоа ќе ви помогне да останете фокусирани и на вистинскиот пат. Новата средина може да ви донесе и нова перспектива. Суплементацијата претставува одлична алтернатива за поддршка на вашите фитнес амбиции. Од издржливост до хидрација, ќе ви помогнат да го достигнете следното ниво.

НАГРАДЕТЕ СЕ

Не заборавајте да го негувате вашето активно тело! Совршен начин да уживате е да отидете на масажа на цело тело. На тој начин ќе помогнете и во регенерација на мускулите. Постојат многу видови масажа, па одберете ја онаа што најмногу ви одговара. Дали за ослободување од стрес, за регенерација на мускулите или масажа со акупресура.

НАПОЛНИ СИ БАТЕРИИ СО КОСМИЧКИ ФОКУС

Овие денови, искористете го јасното небо и застанете за да ги набљудувате ѕвездите. Кога небото навечер е јасно, изберете висок, тивок рид и предвреме истражете кога ќе има метеорски дожд, сина месечина или полна месечина — ако тоа не е магија, тогаш што е? Нема ништо поволшебно од огромното царство на космосот над нас!

ОД СЕМЕ ДО ПРОИЗВОД И КАЈ ВАС ДОМА

Сите сакаме храната да биде повкусна и посвежа, нели? Додатоците и билките може да го расипат или да го подобрат јадењето. Квалитетот на производите од супермаркет некогаш значи дека треба направите компромис во однос на свежината или вкусот. Обидете се сами да си одгледувате билки — босилек, магдонос, власец — сè. Не ви требаат посебни вештини, а онлајн има голем број туторијали!

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *