FitKit Pixel

Кои се правилата според кои Чак Норис се води за секогаш да биде во одлична фитнес форма и да се храни здраво?

By in Uncategorized
No comments

😂 Кога Чак Норис ќе стапне на банана, бананата се лизга.

😂 Кога Чак Норис оди да земе кафе од автомат, автоматот исфрла пари, па потоа му го полни кафето.

😂 Знаете како настанал зборот точак? -Чак Норис правел салто и публиката велела”То,Чак,то,Чак’.

Ова се само дел од вицовите што кружат за Чак Норис, но дали сте знаеле дека легендарниот актер тој е многу повеќе од вицотека?

Чак Норис е еден од најдобрите фитнес гуруа во светот! 😲

Она што го прави уникатен е неговиот пристап кон здравиот и активен начин на живот практикуван од милиони фанови ширум светот.

Кои се фитнес правилата на Чак Норис?

Еве дел од правилата според кои се води за секогаш да биде во одлична фитнес форма:

✅ Пешачи

Пешачењето е една од најдобрите вежби за твоето здравје. Не е премногу напорно за зглобовите и срцето, а има и големо позитивно влијание на целиот организам. Брзото и бавно темпо на пешачење се идеалната комбинација за здравје.

Преземи една од многуте апликации за пешачење и започни уште денеска!

✅ Придружи се на вежбање во група

Биди иницијатор и организирај група за вежбање, или, пак придружи се на групен тренинг.  

Социјализација, дружење, трошење на многу калории калории, здравствени придобивки и позитивно расположение се само дел од придобивките.

✅ Вежбај по дома

Активниот живот не мора да чини многу, а вежбањето од дома само го потврдува тоа.  Набави си фитнес реквизити, програми за вежбање или гледај тренинзи на YouTube.

Важно е да започнеш со акција што е можно поскоро.

✅ Практикувај боречки вештини

Без разлика дали си 7 или 77 години, овој спорт е одличнен за контрола на умот и телото, зајакнување на самодовербата, контролирање на деструктивните импулси и ослободување од стресот.

Пробај Танг Со До, бразилско Џиу Џицу или Џудо.

Како се храни Чак Норис?

На Чак Норис му требало 30 години да престане да јаде “глупости” и да го промени начинот на исхрана. 🍎

Тој верува дека здравата и органска исхрана е важна за превенција на болести и одржување на тежината.

Еве од кои намирници се состои неговата исхрана:

✔️ Изобилство од овошје, зеленчук, јаткасти плодови и семиња, цели зрна, растителни масла особено девствено маслиново масло (треба да биде ладно и исцедено), пилешко и риба. Избегнува процесирано месо и засладени пијалоци.

ДОРУЧЕК: Го почнува денот со лесен појадок од леб, маслинки и сирење (од козјо или овчјо), или сендвич со путер од кикирики и банана. 

РУЧЕК/ВЕЧЕРА: Јаде околу 17 часот (најдоцна до 18 часот), најчесто пилешко, лосос или туна комбинирано со органска салата и мали порции од црвен печен компир или кафеав ориз.

Пие многу вода во текот на денот и секогаш носи шише вода со него. 💧

Иако има околу 81 година, овие едноставни фитнес навики и начин на исхрана и ден денеска го држат во витална форма.

Која од неговите навики ќе ја копираш? 🤔

FitKit logo

FitKit Plus е платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *