By in Uncategorized
No comments

Мастите се резрвоар за енергија на нашето тело, а многу често и најголемиот страв за изгледот. Сигурно си сретнал статија или некаков производ што промовира лесен или скратен пат до подобро тело и помалку масти. Супер звучи, но вистината е дека не постои магично стапче што ќе ти го овозможи тоа, туку постои подобро планирање и организирање на некои активности што ќе ти донесат поволни резултати.

Постојат безброј начини како може да бидете активни, да се храните малку поквалитетно и да се хидрирате во доволни количини. Еве што би издвоил како начин да го забрзаш согорувањето на масти:

Најди време за тренинг за издржливост

Барем еднаш неделно направи време за подолги кардио сесии од 60 до 90 минути. Подолгите тренинзи ќе осигураат повеќе и подолго трошење на резервите енергија (салото). И уште повеќе гледај да го задржиш високиот интензитет на откуцаи на срцето на што подолго ниво, а тоа пресметај го по формулата (220-твоите години) * 0,7 . Колку си почесто и поблизу до таа бројка толку повеќе си сигурен дека согоруваш повеќе масти.

Направи некој интервален тренинг

Една работа што ја сакам за интервалните тренинзи или по ново функционални е тоа што за кратко време се обезбедува трошење на многу калории и тоа што тоа согорување на калории продолжува и после тренингот. Она што се случува во телото е трошење на резервите на гликоза и гликоген, а во процесот на регенерација како извор на енергија ќе се трошат мастите. Пробај да го имаш и ова во текот на неделата еднаш до два пати.

Тренинг со тежини

Градење на мускулна маса е најдобра долгорочна стратегија за согорување масти. Мускулното ткиво согорува многу повеќе калории од масното. Исто така вежбањата со тежини обезбедуваат согорување на калории и после тренингот затоа што телото троши енергија за да ги регенрира оштетените мускулни влакна.

Негувај се’

Вежбањето е рутина што доколку ја воведеш во континуитет има безброј бенефити врз телото, но немој да заборавиш дека најголем удел во регенерацијата и процесите во телото има горивото што го носиш преку уста. Обезбедувај доволно протеин 30тина минути пред вежбање, особено пред оние подолги сесии и не заборавај да имаш правилен регенерациски оброк после вежбање.

Одмори се’

Ако вежбаш 5 пати неделно, 2 дена одмор се одлична идеа. Му даваш време на телото да се навикнува и адаптира на новите стандарди и рутини. Исто така најголемото регенерирање и создавање на мускулна маса се случува додека спиеме затоа не заборавај да имаш 6–8 часа ноќно спиење секој ден.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Јосиф

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *