FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments

Кога тренираш за маратон, следењето на кондицијата е едноставно — мериш за колку време си истрчал одредена далечина и дали со текот на времето си станал подобар/ра или забушаваш.

Ако вежбаш во теретана — можеш да си направиш споредба колку тежина си кренал оваа седмица во споредба со претходните.

Но, дали ваква евиденција е доволна? 🤔

Како да го измериш твојот фитнес прогрес?

Како најлесно да провериш дали напредуваш или може е време да смениш дисциплина и начин на живот?

Овие се 5 лесни техники што ќе можеш да ги примениш уште денеска:

Photo credits: @jeshoots

✅ Води си фитнес дневник

Започни со запишување на целите и плановите за тренинзи. По секој тренинг, запиши што точно си вежбал и како се чувствуваш по вежбањето. Освен евиденција за тренинзи, води сметка и за оброците што ги јадеш.

Еве некои прашања на кои што треба да дадеш одговор во твојот фитнес дневник:

  • Која е целта што сакам да ја постигнам месецов?
  • Преку кои активности ќе ја постигнам таа цел?
  • Што вежбав денеска?
  • Како се чувствувам после тренинг?
  • Што јадев денеска?
  • Кога сум најмногу гладен/на?
  • Колку чаши вода испив?
  • Дали моето расположение диктираше што ќе јадам и кога?

✅ Фотографирај се

Еднаш неделно напрај си селфи за визуелно да го видиш напредокот што го постигнуваш. Користи ја истата облека за да си го фотографираш целото тело. Тоа може да биде омилената долна облека, костим за капење или облека за вежбање.

По можност, користи ја истата камера, стој на иста локација и нека биде сликата во ист период од денот. Не мора да ги објавуваш овие фотографии на Инста, освен ако не те мотивира тоа. 😉

Photo credits: @sernarial

✅ Измери си го телото

Како да дознаеш колку си изгубил или добил во обем? Како да провериш дали едната страна од телото да ти е посилна и поразвиена од другата страна?

Еднаш месечно, позајми едно кројачко метро од баба ти 👵 и измери си ги вратот, бицепсите, градите, половината, колковите, бутовите, рацете, листовите на нозете и задникот.

✅ Пробај стара облека

Избери пар фармерки или мајца што ги сакаш и користи ги како алатка да си го мериш напредокот. 👕

Без разлика дали сакаш да изгубиш тежина за полесно да влезеш во нив или да ги исполниш, оваа мерење со облека точно ќе ти покаже дали си на добар пат.

Photo credits: @yunmai

✅ Измери се на вага (ама не се опседнувај со бројката)

Користи ја вагата само како начин да добиеш информација за тежината, но не се опседнувај со бројката што ќе ја видиш. Се додека водиш здрав и активен живот, бројката на вага е речиси ирелевантна.

Измери се еднаш неделно штом станеш од спиење. Нека биде тоа пред да доручкуваш или да почнеш со утринско вежбање.

📢 Еве како ФитКит вежбачите го следат својот прогрес (може ќе позајмиш некоја идеја):

Војислав: Следам 1.Форма 2.Изведба 3.Тежина. Доколку 1 и 2 точка сум задоволен, 3 оди нагоре. Прогрес in a nutshell.

Слободан: Следам дали сум поцврст психички и физички. За 5 години качив 13кг и научив многу за своето тело.

Јасмина: Неделно мерење и запишување и следење на промената во носење на алишта.

💪


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *