By in Uncategorized
No comments

Решен/а си да почнеш да вежбаш? Браво!

Ова е одличен чекор, но не и гаранција дека ќе си стоиш на зборот.

Затоа, ти предлагаме неколку едноставни чекори што ќе ти помогнат да ја создадеш навиката за почесто вежбање.

  1. Избери активност што ти се допаѓа или најди што ди се допаѓа

Физичката активност не треба да се поврзува со нешто тешко и напорно. Напротив, тренингот треба да ти биде забавен и да те мотивира да вежбаш уште повеќе и да живееш поздраво. Ако мислиш дека не би се снашол со реквизитите во теретана, можеш да избереш аеробик или пилатес. Или, пак, доколку не сакаш вежбање во група, во многу фитнес студија ја имаш опцијата да вежбаш со личен тренер. Овде нема правило дека мораш цел месец да ја практикуваш истата дисциплина. За подобри резултати, се препорачува да комбинираш по неколку различни дисциплини месечно. Не се врзувај во рамка и не си создавај правило и слика како изгледа “идеално” вежбање. 150 минути во неделата макар и пешачење е одличен старт.

2. Најди си партнер за вежбање

Ако си се договорил/а со некој пријател/ка да почнете да вежбате зумба или заедно да посетувате јога часови, голема е веројатноста дека како добар пријател, ќе се придржуваш на тој договор и нема да го извисиш пријателот.

3. Плати и резервирај го тренингот

Моментот кога ќе закажеш вежбање и ќе платиш за тоа (со пари или со кредити преку фиткит), самиот себе се обврзуваш дека ќе го посетиш тренингот. Или пак вети кај тренерот дека ќе се појавиш. Луѓето по природа се трудат да бидат доследни на својот збор, така да, доколку си платил/а месечна чланарина за некоја активност, голема е веројатноста дека ќе се потрудиш да не пропуштиш тренинг. Никој не сака залудно да троши пари, нели?

4. Вежбај пред или после работа

Фитнес експертите препорачуваат дека најдобро е да се вежба наутро. Потоа се тушираш, одиш на работа и си полн со енергија во текот на целиот ден. Вежбање и веднаш после работа е исто така одлична опција. На овој начин, нема да трошиш дополнително време да си одиш до дома и пак да излегуваш надовр за да стигнеш на тренингот.

5. Награди се (за доследноста)

Менување на навиките е тешко, но наградата може да те мотивира. На пример, вети си (запиши си на лист хартија и стави ја на место што постојано ќе ти биде пред очи) дека ако овој месец 10 пати месечно ќе ја посетиш теретаната, ќе си ги купиш патиките за кои што одамна си мечтаел. Или, пак, ако не пропуштиш ниту еден пилатес час овој месец, ќе си се почастиш со фустанот за кој сметаш дека идеално би изгледал на тебе.

Одлично е кога алиштата ти стојат подобро или можеш да кренеш поголема тежина, но сепак не треба да ги занемариме и здравствените придобивки од редновното вежбање:

  • Подобар сон;
  • Повеќе енергија;
  • Подобра концентација;
  • Зголемена кондиција;
  • Намалено ниво на холестерол, крвен притисок, триглицериди, шеќер, итн.

Во фитнес светот важи правилото дека доколку сакате да стекнете навика, потребни ви се 9 недели. Доколку најдете дисциплина со која што ем ќе трошите калории, ем ќе уживате, времето за стекнување на навиката може да биде и пократко.


Доколку си одлучен да го вклучиш вежбањето во твојот распоред, те охрабруваме да ја разгледаш ФитКит апликацијата која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации низ земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *