By in Uncategorized
No comments
Geert Pieters@shotsbywolf

Во текстот од минатата недела позборувавме за причините поради кои членовите и вежбачите остануваат или си одат и направивме опсервација на трите различни типови на вежбачи за кои што можеби како тренер не беше свесен/на. Како и да е, јасно ти е и на тебе и на нас дека пандемијава ни даде на знаење дека луѓето остануваат покрај тебе доколку имаш вистински интерес и искрена намера да им помогнеш.

Без разлика што ќе се случува во иднина, следните 5 точки ќе важат секогаш.

1.Имај јасна слика за тоа кој/а си ти

Живееме во време на голема бучава. Консумираме по 100-тици информации, слики и видеа на ден. Дополнително сме бомбардирани со реклами и со лажни вести. Се’ ова кај многумина создава пречки за тишина и можност да ги погледнат своите вистински вредности. Можеби звучи лудо да го читаш ова на блог за фитнес, но сепак се’ работи за нешто што важи за секоја личност и за секој бизнис.

Ние во ФитКит веруваме во храброст, доверба, искреност и соработка. Ангелина, основачот на оваа компанија беше храбра на 23 години да инвестира пари и да скокне во авантура што не многу би се охрабриле да ја направат. Доколку не беше нејзината доверба кон тогаш непознатиот Јосиф, немаше да се случи партнерство. Доколку немавме искрена намера за соработка , немаше да стигнеме до ова кај што сме денес и да сме опкружени со студија, тренери, соработници и искрени пријателства. Тие се нашите 4 основни вредности на кои го градиме нашиот бренд и компанија, а подоцна доаѓа паролата дека “Сакаме да го направиме активниот живот достапен за секого, од секаде”.

Бучавата од тренери, вежби, програми, апликации и слично, може многу да те оттргне од вистинскиот/та ти. Мораш да го дознаеш одговорот на тоа прашање и мора да зрачи од тебе доколку сакаш да создаваш бренд и доколку сакаш да создаваш заедница околу себе. Истото важи и обратно. Кога ќе ти е јасно како ден, ниедна бучава, ситуација и проблем нема да те скршат. Само затоа што имаш бетон јаки темели на твојот вистински идентитет!

2. Искуството на твојот член и вежбач нека биде на прво место

Обично ова никој не го греши се’ до еден момент. Имено, кога го отвораш твоето студио или центар, целиот процес на запишување на членовите, прошетка низ салата, објаснување на правилата, издавање на картичка или потврда за наплата го правиш со целиот кеиф, затоа што имаш ентузијазам за твојот нов бизнис. Но, како одминува време некако тоа се разводнува. Почнуваш да ги правиш работите половично. Некако ги земаш работите здраво за готово и се навикнуваш да имаш членови и да си вежбате ден за ден без да се замислиш дали луѓево овде доаѓаат затоа што им станало рутина или затоа што им се допаѓа целото искуство.

Sven Mieke@sxoxm

Дали кога ќе вработиш нов тренер или инструктор вистински се трудиш да ги поседува и да верува во вредностите од твојот идентитет или идентитетот на твојот фитнес центар? Или го вработуваш затоа што не можеш да постигнеш со работа па да има некој што ќе превземе кога не можеш ти? “Има вежбано, сака активен живот и нека почне како тренер”.

Епа тоа ја прави разликата дали вежбачите ќе останат кај тебе. Кога ќе се случи некој настан врз кој што немаш контрола како сега со пандемијава. Тогаш ќе дознаеш дали вежбачите се тука и чекаат да им ги кажеш следните упатства или ќе ги снема. Ова можеби и боли да го читаш, но не го менува фактот за вистината. И не е страшно ако боли и ти прави лоша емоција, страшно е ако го игнорираш.

3. Постави јасни цели со твојот член/вежбач

Прво и најосновно, секој сака резултати. Луѓето вежбаат и се нафаќаат да сменат исхрана за да видат некакви резултати, а не затоа што им е досадно :). За некого тоа е повеќе енергија, за некого се намалени килограми, за некого зголемена мускулна маса, за некого флексибилност, за некого проблеми со грб, за некого да си најде партнер, за некого да преброди животна ситуација.

Ти си тој/таа што треба да дознае што е тоа. И не само да прашаш “што ти е целта” туку да дознаеш дали вистински е таа целта и да се адаптираш. Некогаш ќе бидеш тренер, некогаш ќе тешиш, некогаш ќе викаш, некогаш ќе бидеш психолог, некогаш родител. Ако му/и помогнеш да дојдете до неговиот/нејзиниот резултат, тогаш имаш доживотен фан! Води, давај инструкции и следни чекори, потсетувај на целта. Тоа е твојата задача!

4. Комуницирај со твоите членови и надвор од часот

Ако е прв час, прашај, седни, јави се, поразговарај. Не оставај да го поздравиш со генерична насмевка и поздрав од куртоазија :). Интересирај се за твоите членови. Дознај каде живеат, колкава фамилија имаат, кога им е роденден, кои филомови ги гледаат… Најди други заеднички интереси. И ти и они сте пред се’ луѓе со нормални човечки потреби. Не сте само тренер и вежбач!

5. Прави предизвици, натпревари и игри со награди

Направи правило дека доколку дојде 3 часа во неделата, добива нешто. Креирај некакви групни предизвици. За еден дел од членовите ќе биде можеби интересно да се натпрпеваруваат едни со други. За друг дел можеби ќе биде интересно да организираш дружба и ‘cheating day’. За трет дел од нив ќе биде забавно да направиш некое предавање онлајн или во сала и ќе викнеш предавач/тренер/едукатор од друга бранша и тема.

Донеси вредност во твојата заедница. Има толку многу начини да бидеш кретивен/на. Смеј ги, вежбај ги, теши ги, едуцирај ги, биди пријател и другар, не само тренер што знае добро да вежба.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *